Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Покана за учество на работилница

“Вовед во политиките и практиките на една компанија за подобрување на вработливоста и инклузивноста на лица со посебни потреби”

27–29.04.2017 во хотел “Kлиметица”, Охрид

Почитувани,

Македонската асоцијација за човечки ресурси, како подизведувач во рамки на проектот “Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” – имплементиран од Фондацијата ПРЕДА Плус и Здружението на студенти и младинци со хендикеп, Ве поканува да учествувате на работилница која ќе се одржи од 27–29.04.2017 во хотел “Kлиметица”, Охрид, со почеток на 27.04.2017 во 16.00 часот на тема:

“Вовед во политиките и практиките на една компанија за подобрување на вработливоста и инклузивноста на лица со посебни потреби”

Оваа тема е се уште недоволно разработена во нашите компании и се чувствува потребата од развој и подобрување политиките и практиките од оваа сфера во рамките на постоечката законска регулатива во земјата. Работилницата ќе опфати повеќе теми како што се:

-          прилагодување на работните места и обезбедување услови за работа за лица со посебни потреби,

-          пристап, поддршка и комуникација со лица со посебни потреби во компаниите,

-          работно воведување и менторство на лицата со посебни потреби,

-          анализа на работните места и критериуми и услови за вработување,

-          олеснувања за компаниите кои вработуваат инвалидни лица,

-          соработка со организации од граѓанскиот сектор со фокус на лица со посебни потреби и вмрежување и иницијативи за подобрување на состојбите во работната околина,

-          споделување на искуства од компании во други земји и

-          преглед на националната законска регулатива за вработување на инвалидни лица.

 
Работилницата е наменета за менаџерите за човечки ресурси и развој на вработените во компаниите, како и за специјалистите и консултантите кои работат во оваа сфера и им помагаат на компаниите за имплементирање на современи системи за менаџмент со човечките ресурси.

Работилницата ќе се состои од три дела. Првиот ден по пристигнувањето и по запознавањето на учесниците ќе се направи вовед во темата. Вториот ден работата ќе се одвива во тимови и групи и ќе биде интерактивна со вклученост на сите учесници. Последниот ден ќе се направи резиме и ќе се дефинираат заклучоци и потреби за идни активности. Работилницата ќе ја модерира тимот експерти за човечки ресурси, членови на Македонската асоцијација за човечки ресурси:

-          д-р Елица Перчинкова,

-          м-р Ана Салтирова Давидовски и

-          м-р/МБА Дарко Петровски.

Временската агенда за настанот ќе се достави до сите пријавени учесници.

Хотелското сместување на база на полн пансион, како и превозот за учесниците е целосно организиран и обезбеден од страна на проектот. Со оглед на тоа што бројот на учесници е ограничен, изборот ќе биде направен по принципот прв пријавен-прв услужен.

Вашето учество на овој настан ќе придонесе во разработка и создавање на основи за постапување во македонските компании за вработување и обезбедување на пристојни услови за работа на лицата со инвалидност и посебни потреби и ќе биде од особено значење заради потребата од заедничко дејствување. Ве очекуваме!

 

Контакт лице за потврда на учество:                           
Марија Димитровска - Проектен менаџер
marija.dimitrovska@predaplus.eu                                   
Телефон: 076 719 418                                                      

Копија до:
Ивана Христова – извршен асистент на МАЧР
contact@mhra.mk 
Телефон: 078 389 277

Покана


Проектот: ,,Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” имплментиран од Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружение на студенти и младинци со хендикеп, финансиски поддржан со грант од Националната програма на Европската унија за помош при транзиција и институционална надградба 2011 Инструментот за претпристапна помош (ИПА), во времетраење од 18 месеци имплементира активности преку кои ќе се подобри вработувањето на лицата со посебни потреби и нивниот статус во општеството, ќе се зајакни јазот помеѓу јавниот и приватниот сектор и ќе се градат партнерства кои ќе придонесат да се подобри вработувањето на оваа група граѓани.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член