Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на

HR семинар за Team Building активности

Датум на одржување: 2 - 3 ноември 2018*  Место: Охрид

За кого: менаџери и HR професионалци

"Coming together is a beginning. Keeping together is progress. Working together is success."
Henry Ford

Опис на настанот:

Ние, Македонската асоцијација за човечки ресурси, се грижиме за развојот на луѓето и организациите и затоа сакаме да ја поттикнеме примената на тим билдинг програмите. Процесот на доверба, тимска работа и промена претставува едно заедничко патување.

Кога зборуваме за Team Building активности мислењата на компаниите и вработените се движат од една до друга крајност. Голем дел од компаниите изделуваат огромни средства на годишно ниво за програми дизајнирани да создадат посилни тимови. Имено, кога ќе се постапи на правилен начин team building активностите се одличен начин да се подобри мотивацијата, продуктивноста и комуникацијата меѓу вработените, да се изгради доверба и да се развијат вештини за решавање на проблемите. Но, доколку се направи погрешно и не се селектира  програма внимателно, според потребите на тимот, вредноста на оваа активност може значително да се намали и може да резултира со: незадоволство од вработените кои мислат дека активностите се целосно несоодветни, сметаат дека тоа е губење на значајно време од нивната работа, а притоа тие не им посветуваат доволно внимание на активностите и не се вклучуваат во целост при реализацијата.

Поради тоа пред се се препорачува лоцирање на проблемот кој го намалува единството на тимовите. HR одделот ја има задачата да направи сеопфатна проценка да избере тим билдинг програма која ќе развие вештини кај вработените и вештини за решавање на проблеми кои се јавуваат во рамките на тимското функционирање. Сепак, крајна  цел на тим билдингот е тимската работа успешно да биде интегрирана во секојдневието на работното место.

Со цел заеднички да дојдеме до повеќекратни бенефити за сите вклучени страни:

  • HR менаџери,
  • вработени во компаниите и
  • тренинг центри,

решивме за прв пат да го организираме овој networking настан: HR Семинар за Team Building активности/ HR Team Building Weekend.

На настанот ќе биде дискутирано за важноста и начинот на кој team building-от се рефлектира врз организациската култура, ангажираноста и мотивацијата на вработените. Иако (HR) менаџерите не можат да ги форсираат нивните вработени да си веруваат меѓусебно, тие можат да им ги овозможат потребните ресурси за да ја изградат таа доверба.

На овој настан ќе се фокусираме на три работи:

#1: Едукативен дел посветен на организациската култура

Организацискатa култура сама по себе и дава уникатна слика на секоја оранизација. Уникатноста наложува специфичен пристап при изборот на адекватна тим билдинг програма. Со други зборови, од голема важност е да бидете информирани како да изберете активности кои ќе и одговараат најмногу првенствено на организациската култура на вашата организација, односно да изберете Тим билдинг програма по мерка. Поради тоа ќе биде посвете дел на споделување на искуства, односно искусни HR менаџери ќе го споделат своето искуство и ќе ви овозможат насоки како да ја изберете соодветната тим билдинг програма врз база на потребите на вашата организација.

#2: Презентација на реални тим билдинг активности

За време на овие два дена вие ќе имате можност да се запознаете со разновидноста што ја овозможуваат тренинг центрите во Македонија. Неколку тренинг центри, ќе презентираат свои мини-тим билдинг програми ќе ви дадат реална слика за тим билдинг активностите кои можат да ги понудат.

#3: Networking

Последно, но не помалку важно, покрај едукативниот дел, и делот со презентации, настанот исто така  ви обезбедува можност за дружба со вашите HR колеги и HR заедницата во нашата земја, да споделите и размените искуства, како и да остварите нови контакти. Ве очекува интересен викенд исполнет со многубројни активности од едукативен и друштвен карактер.

Котизација и пријавување:

9.000,00 денари - редовен износ
7.500,00 денари  - членови на МАЧР

За да присуствувате на настанот Ве молиме да пополните пријава
За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање --> contact@mhra.mk

Краен рок за пријавување и уплата на учесниците е најдоцна до 22 октомври 2018, или до моментот додека не се пополни групата на принципот „прв пријавен – прв услужен”

Бројот на учесниците е ограничен!

*Во износот се вклучени сместување во хотел на база полн пансион, кафе паузи и освежување за време 2 дена, работни материјали и сертификат за учество.

**Превозот до местото на одржување не е вклучен во котизацијата. 

Забелешка: Терминот за одржување на настанот е променет и поместен за 02-03.11.2018 на барање на поголемиот број на учесници!

ПРИЈАВА

АГЕНДА

БРОШУРА за НАСТАНОТ

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член