Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Да го избереме HR менаџерот на годината!!!

 

Почитувани,

Македонската асоцијација за човечки ресурси и оваа година Ве поканува да номинирате кандидат за наградата “HR менаџер на годината”!

Номинираниот може да биде одговорното лице за управување со човечките ресурси во Вашата компанија, или од друга компанија, кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата.

Номинирајте го HR професионалецот кој цените и сметате дека неговата работа и труд во изминатата година особено придонеле за развојот на функцијата менаџмент на човечките ресурси, и дека треба да биде награден со токму ова призание кое се доделува еднаш во годината.


За наградата HR менаџер може да биде номинирано вработено лице на работните места, најчесто именувани како Директор за Човечки ресурси, Менаџер за Човечки ресурси, Раководител на Сектор за Човечки ресурси и сл. Можете да го номинирате вашиот колега од областа, но можете да се номинирате и самите себе.


Трет пат статуетката за Најдобар HR менаџер на годината ќе биде врачена како симбол и пример за важноста на HR професијата во организациите и општеството, со призние на HR професионалецот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област. Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси.

  

   Номинирајте кандидат!

Со цел да го избереме најдобриот HR менаџер на годината, Ве повикуваме да го дадете Вашиот придонес кој е од исклучително значење, со поднесување на номинација и предлог за кандидатот кој сметате дека најмногу ја заслужува оваа награда.

Пријавувањето и номинирањето за HR менаџер на годината може да се изврши најдоцна до 15.04.2016 година, со пополнување на формуларот за номинирање на HR менаџер на годината и истиот да се проследи на e-mail адресата: contact@mhra.mk со назнака: Предлог HR менаџер – Име Презиме (на номинираниот).

Подносителот ќе добие електронска потврда дека е примена номинацијата.

Повеќе информации за Изборот на HR менаџер на годината, можете да погледнете овде.

Воедно Ве потсетуваме дека HR менаџер за 2015 година беше прогласен г. Никола Ефтимов, раководител за човечки ресурси во компанијата Алкалоид АД Скопје.

 
Веруваме дека и оваа година со ваша помош и придонес, наградата “HR менаџер на годината” ќе биде доделена на професионалецот кој во текот на 2015 година покажал значаен придонес во областа управување со човечките ресурси според зададените критериуми за изборот, со што го помогнал организацискиот развој и долгорочен успех во организацијата во која работи.

Ви благодариме однапред на придонесот!

 
Во очекување на вашите номинации,

Срдечно Ве поздравуваме,

Македонска асоцијација за човечки ресурси

 

 

 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член