Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

HR статии од членови:

Управувањето со ризиците на работното место – клучен сегмент во спроведување на безбедност  и здравје при работа

Со напредокот на технологиите како и промената на економските и социјални услови во општеството, организациите се соочуваат со нови предизвици.
Се случуваат промени во работните практики и процеси кои иницираа нови ризици во процесот на управување со човечките ресурси.

Управувањето со ризици како интегративно поглавје на политиката за безбедност и здравје при работа, станува должност и обврска на секоја организација особено поради фактот што државите  го имаат инкорпорирано во своето позитивно законодавство. Денес, професионалците во полето на човечките ресурси ги почитуваат и практикуваат стандардите за управување со ризик на работното место од два аспекта. Првиот аспект е тесно поврзан со превенција од штетни последици кои потекнуваат од природата на работното место анализиранониз процесот на спроведување на безбедност и здравје при работа. Вториот аспект се однесува на индиректното влијание на активностите поврзани со менаџирање на ризиците на работното место врз кадровскиот потенцијал во организацијата. Поточно, преку активностите на организацијата за минимизирање, односно отстранување на ризиците за секое работно место и намалување на интензитетот на последиците или нивно целосно отклонување, таа демонстрира интерес за задржување на вработените. Вака поставената двонасочна комуникација помеѓу организацијата и нејзините вработени е темелот на градење и зајакнување на корпоративната кадровска политика.

При анализа на прашањето за управување со ризици на работното место од исклучителна важност е акцентирање на  потребата од “правилно” координирање на процесот на  управување на ризикот во една организација преку професионално спроведување на HR-активности, како што се анализа на работните места и опис на работните позиции, ориентација, обуки, оценување, одржување дисциплина итн. 

Дали организацијата овозможува безбедни услови за работа? Дали спроведува контрола на безбедноста? Дали обезбедува соодветна обука на вработените? Дали обезбедува соодветна облека и опрема за безбедност? Дали има соодветни политики и процедури?

Да се имплементира стратегијата за управување со човечки ресурси значи да се дефинираат работните компетенции и работните места, како основа за спроведување на првиот чекор во дефинирање на ризик за секој вработен.

Теоретски по извршена категоризација, дефинирање на  работна позиција  и утврдување на ризикот на работното место, по обезбедени услови за работа најголем процент на значење добива и соодветната обука на вработениот. 

Неопходно е организацијата да се стреми кон подигнување на свеста кај вработените за нивна заштита при работа, приоритетно преку законската обврска за обука за безбедност и здравје при работа, а после тоа и преку спроведување на разни кампањи или други активности кои ќе го поттикнат нивното активно учество при промовирање на културата за превенција од ризици и подобрување на условите за работа.

Следејќи го процесот на управување со човечките ресурси низ последователно проценета важност на секоја активност од него, секоја организација е должна да ги усогласи условите за работа со должност кон вработените за нивна безбедност и здравје при остварување на работните задачи.  Всушност, тоа е и стратегија која секоја организација треба да ја имплементира доколку се стреми вистински и професионално да го овозможи остварувањето на своите стратешки цели.

Според Еврпската опсерваторија за ризик, ЕУ-ОСХА, при Европската агенција за безбедност и здравје при работа,  која цели кон идентификување на нови ризици во областа на безбедноста и здравјето при работа, согласно најновата стратешка рамка на ЕУ за безбедност и здравје при работа 2014-2020 год., продолжува да се истакнува важноста на предвидување на ризик.

Со оглед на тоа дека оваа рамка има за цел да ги идентификува клучните предизвици и стратешки цели за безбедност и здравје при работа, клучните активнoсти и инструменти, се очекува промовирање на високи стандарди за безбедност и здравје при работа за условите во кои се работи во Европа и на меѓународно ниво. [1]

Поттикнувајќи раст и развој на кариерата на вработените во една организација, подобрувајќи ги вештините и знаењата, зголемувањето на мотивацијата и задоволството од работа, подршка и решавање на проблеми во организацијата, одржување на организациска култура и сл. се само дел од цел процесот на управување со човечките ресурси во една организација. Тоа е едната страна на науката, другата страна е всушност столбот без кој ниедна HR-активност не може да прогресира, а тоа е безбедната средина за вработениот.

 

 

 

Автор: м-р Сашка Тодоровска
HR специјалист - Аџибадем Систина
Член на МАЧР

 

--------------------------------------------------------------------------------

[1] https://oshwiki.eu/wiki/EU_OSH_Strategic_framework

Tекстот изворно е објавен во е-весникот "Човечки капитал" бр.6, стр. 44.
До останатите текстови од весникот може да пристапите 
овде
 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член