Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на

10 Јубилејна интернационална конференција за човечки ресурси: From HR to RH- Respect for Humanity!

31 мај 2018, хотел Александар палас -Скопје

Драги пријатели, 

 
На наше големо задоволство Македонската асоцијација за човечки ресурсија организирa 10-та Јубилејна меѓународна конференција за човечки ресурси во Македонија,на 31 мај 2018 во хотелот Александар Палас, во Скопје. Бележиме десет успешни конференции и толку години посветена работа и залагања за подигнување на значењето на професијата управување со човечките ресурси, и унапредување на нејзиниот статус во нашата земја.

 

Изборот на темата “From HR to RH- Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси - до почит кон луѓето) произлезе на заедничка средба со колегите од Управниот и Надзорниот одбор на МАЧР, со цел во фокусот на јубилејната конференција да ја поставиме основната потреба, но и највисока целна цивилизираниот свет,а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание за нивната непроценлива важност за организациите. Професијата управување со човечките ресурси како значајна функција на менаџментот на компаниите и организациите, потребно е да се користи за подигнување на квалитетот на животот на луѓето, особено во професионалниот дел, со воспоставување на соодветни стратегии, достоинствени услови за работа, еднакви можности за развој и напредок на луѓето, што самото по себе ќе придонесе кон позитивен развој накомпаниите и општеството.
 

Ќе биде понудена богата програма,со учество на истакнати говорници од странство, меѓу кои главните HR менаџери од мулти национални компании, како и искусни консултанти, коучи и професори од Италија, Словенија, Грција, Португалија, Австрија, Унгарија итн. кои ќе ги споделат своите искуства и визии во оваа област и ќе го презентираат своето стручно знаење, своите иновативни идеи, како и препораки (мотивирање, поттикнување на иновации, одржливост, управување со таленти, коучинг, лично брендирање, важноста на човечкиот фактор при интернационализација на компаниите итн.) кои што присутните менаџери и професионалци ќе можат да ги имплементираат за унапредување на организацијата во којашто работат.

 

Очекуваме голем број посетители пред се од редот на извршните менаџери, HR професионалци, како и студенти и други менаџери и професионалци, од јавниот, приватниот и невладиниот сектор, кои инвестираат во себе, со цел да бидат во тек со новините поврзани со развојот на човечкиот капитал и организациите. Учесниците ќе имаат исклучителна можност да се поврзат со луѓето и менаџерите од нивниот домен на работа и да остварат вредни познанства! Особено сме горди што настанот се повеќе добива регионалено значење, такашто и оваа година се најавени гости од соседните земји.

И оваа година ја продолжуваме соработката со Вработување.ком (www.vrabotuvanje.com.mk)која минатата година додаде вредност за нивото на организација на настанот. Ексклузивно, во рамки на настанот вклучено е HR Експо, како и постконференциска забава за доделување на наградата Најдобар HR Менаџер за 2017 година!

 
Ве очекуваме!

 

 

 

Христина Лозаноска

Претседател
Македонска асоцијација за човечки ресурси


 
Повеќе информации за настанот може да погледнете на
http://mhraconference.mk


 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член