Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива




Македонската асоцијација за човечки ресурси МАЧР
во соработка со
Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК

Ве поканува на

HR кафе & Networking на тема:

Кариерното советување- алатка на современиот менаџмент со луѓе

22 јануари, 2016 (петок) I 17:00 часот I МКЦ клуб ресторан, Скопје


На овој настан HR кафе & Networking присутните учесници ќе имаат можност да се запознаат со циклусот на планирање на кариерата, со техниките на професионалното кариерно советување од аспект на менаџирање со човечките ресурси, како и сo начините на кои планирањето ка кариерата влијае на развојот, мотивацијата и задржувањето на вработените.

Советувањето за кариера овозможува повеќе бенефити:

  • помага во индивидуалниот развој
  • креира свесност за сопствениот развој преку проценка на сопствените интереси, вредности, вештини, знаење
  • помага при идентификување на можностите за развој во кариерата
  • помага во поставување на цели и нивна имплементација за прогрес во кариерата
  • дава поддршка при барање на работа
  • обезбедува индивидуален, организациски и општествен развој итн.

Говорници на настанот ќе бидат сертифицирани советници и тренери за развој на кариера, членки на Управниот одбор на Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК, кои ќе пренесат дел од своите практични искуства во делот на кариерното советување во организациите.

Не пропуштајте....Дојдете и слушнете за професионалното здружение АСК и совети директно од професионални кариерни советници, а воедно ќе имате ексклузивна прилика да дознаете повеќе за ново издадената стручна литература од HRM областа...

На настанот ќе биде прeтставена и новата книга “Советување и коучинг за развој на кариерата на вработените во организацијата” на м-р Александра Кацарски, членка на МАЧР и АСК.

#HRkafe е отворен и бесплатен настан организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти и размена на искуства. Овој пат го организираме во соработка со Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК со што ќе ја одбележиме заедничка понатамошна соработка.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство http://goo.gl/forms/W3RG3ndq66  или contact@mhra.mk!

Ве повикуваме да бидете дел од настанот!

Ќе ни биде големо задоволство доколку успеете да присуствувате!



Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член