Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Како да се справиме со конфликтите - беше темата на јунското HR кафе & Networking

"КОНФЛИКТ е нашата реакција на перцепираната ЗАКАНА на чувството на лична вредност".

Во форма на кратка интерактивна сесија го одржавме и јунското HR кафе & Networking на 15 јуни 2016, во МКЦ клуб ресторанот. Овој пат се осврнавме на справувањето со конфликтите, преку уникатен модел базиран на методологија на Personal Strengths (www.personalstrengths.com), а презентацијата беше водена од страна на нашите гости-предавачи кои се сертифицирани мастер тренери и консултанти од Personal Strengths Macedonia, Наташа Ивановска и Биљана Велевска, со над 15 годишно искуство во областа на човечки ресурси.

Конфликтот како дел од во секојдневната комуникација најчесто се манифестира преку:

  • Нарушени релации
  • Зголемени трошоци поради ненавремени, неквалитетно извршени задачи
  • намалена продуктивност на работното место
  • Стрес

Со вклучување и голема помош од страна на учесниците кои споделувајќи ги своите искуства, преку многубројни лични примери од приватниот и професионалниот живот, имаа можност да ја осознаат методологијата на практичен начин, како и:

  • да дознаат кои се причините за конфликт
  • да дознаат како да го препознаат конфликтот пред да се случи и
  • да разберат кои се личните “покани за конфликт” на кои реагираат другите

за полесно справување и надминување на конфликтните ситуации, а притоа ефектите од конфликтот да се сведат на минимум. 

Фотографиите од настанот кои пренесуваат дел од атмосферата на последното HR кафе & Networking може да ги погледнете во Галерии или на facebook страницата на МАЧР.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член