Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

HR кафе & Networking (16.12.2015)

Зошто родот е важен во креирањето на политиките и практиките за менаџмент со човечките ресурси?

Настан организиран од страна на Македонска асоцијација за човечки ресурси со поддршка на ИМЕ програмата финансирана од SDC и имплементирана од Swisscontact и Преда Плус

Ова беше темата на пoследното одржано предновогодишно HR кафе & Networking, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси што се случи на 16 декември, 2015 во Every Day во Скопје.

Изборот на темата на настанот  беше со цел да се покрене јавната свест за значењето и почитувањето на различностите во организациите и општеството со посебен фокус на родовиот баланс во ИКТ индустријата.


 
Имавме можност да слушнеме тројца гости-предавачи кои преку различен аспект се осврнаа на темата, односно:

  • Проф. Лесли Самози – “Gender Diversity: Building the Business Case”
  • г-ѓа Марија Савовска – “Род и Родова еднаквост?”
  • м-р Дарко Петровски – “Со родово-сензитивни политики и практики за МЧР до конкурентска предност на компаниите”

(Линк до презентациите)

Настанот беше организиран со поддршка на  Програмата за зголемување на пазарната вработливост – програма на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact во соработка со ПРЕДА Плус. ИМЕ ги поддржува компаниите за софтвер и ИТ услуги во зголемување на нивната продуктивност и профитабилност преку зајакнување на нивниот најголем капитал, а тоа се вработените.

Политиките и практиките за управување со човечки ресурси во голема мера влијаат на атрактивноста на компаниите за нови вработени и задржување на постоечките преку политики кои ја овозможуваат и унапредуваат рамнотежата меѓу приватниот и професионалниот живот. За таа цел беше ангажирана МАЧР за спроведување на истражување за да се утврдат конкретните постоечки политики и практики за управување со човечките ресурси на компаниите за софтвер и ИТ услуги, а кои се во поддршка на зголемено вработување и кариерен развој на жените, како еден од начините за развивање и конкурентска предност на компаниите.

Воедно, поради сродноста и значењето на темата, како еден од аспектите според кои луѓето и вработените генерално се разликуваат-  истиот претставуваше официјален почеток на следниот проект- "Со различности до напредок!" - кој е поддржан со мал акциски грант од Програмата на Цивика мобилитас.

Фотографиите од настанот може да ги погледнете во делот Галерии или овде.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член