Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Започнат проектот "Со различности до напредок" добиен преку мал акциски грант од програмата на Цивика мобилитас

            Македонската асцоцијација за човечки ресурси во рамки на своите проектни активности презема иницијативи за делување во општеството, покренување на граѓански иницијативи, со цел подигнување на свеста за потребата од почитување на различностите, еднакви можности и недискриминација при варботување, развој на кариера и достоиствени услови за работа. 

На огромно задоволство, на почеткот сме на нов проект добиен од програмата за развој на граѓанско општество ЦИВИКА МОБИЛИТАС, имплементирана oд Македонски центар за меѓународна соработка- МЦМС, НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот Институт за Јавна администрација ( СИПУ) финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), на тема ПРЕКУ РАЗЛИЧНОСТИ ДО НАПРЕДОК.

Како момент за отпочнување со проектот го одбравме предновогодишното HR кафе & Networking кое се одржа на 16 декември 2015, на тема: „Зошто родот е важен во креирањето на политиките и практиките за менаџмент со човечките ресурси?“, со цел промоција на еден аспект на диверзитетот, односно родовата еднаквост.

Настанот беше под покровителство нашите партнери од програмата ИМЕ.

Свое обраќање на настанот имаа г-ѓа Марија Савовска, м-р Дарко Петровски и проф. Лесли Самози, кој на крајот на својата презентација посочи дека: ...
         "Gender diversity is simply good business as well as simply being the right thing to do!"

Во следниот период, преку проектот “СО РАЗЛИЧНОСТИ ДО НАПРЕДОК”, ќе се спроведе истражување во повеќе индустрии од бизнис секторот, од страна на Македонска асоцијација за човечки ресурси во соработка со Организација на работодавачи Македонија, со цел подигнување на свеста за потребите и можностите за конкретни HR мерки во организациите со цел да се спроведува принципот еднаквост и почитување на различностите преку упатување на почетни препораки врз база на спроведеното истражување.

Предметот на ова истражување е управувањето со различностите во неколку испитувани организации во Р.М. Управувањето со различностите, односно диверзитетот на работната сила упатува на тоа дека луѓето се разликуваат според возраста, полот, расата, брачниот статус, социјалениот статус, инвалидноста, сексуалната ориентација, религија, политичката ориентација, етничката припадност итн.

Во согласност со предметот на истражувањето, поставени се и целите на истражувањето. Примарната цел е да се согледаат ставовите на испитаниците (вработените и HR менаџерите) за управувањето со различностите во нивните организации во однос на 7 области:

I. Политика на организацијата
II. Организациска култура
III. Развој на кариера
IV. Интеракција и комуникација
V. Менаџментот
VI. Тренинг програми
VII. Дискриминација

По истражувањето ќе следи панел дискусија базирана на анализите и извештајот од спроведеното истражување, на која ќе бидат поканети сите засегнати страни за искажување на своите мислења и ставови по однос на темата.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член