Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Покана:

Роденденско HR кафе & Networking

11 мај 2017 (четврток), 19.00 - 21.00ч. МКЦ клуб ресторан - Скопје




Почитувани членови, пријатели и соработници,

Со големо задоволство Ве покануваме на РОДЕНДЕНСКОТО HR КАФЕ на Македонската асоцијација за човечки ресурси, настан кој ќе се одржи на 11 мај (четврток), со почеток во 19 часот во МКЦ клуб ресторан.

Оваа специјална прилика ќе ја прославиме со ДВЕ ИНСПИРАТИВНИ ТЕМИ, инспиративни пораки и уште поинспиративни гостинки:

  1. Моќта на гемификацијата на работа, Нина Ангеловска, Извршен директор и коосновач, Групер.мк и  
  2. Моќта на позитивната мисла, Катерина Ангеловска, Тренер за личен развој, автор и мотивациски говорник 

Моќта е секаде околу нас, треба само да и се даде шанса!!!

Повеќе информации за нашите гостинки:

Нина Ангеловска

Извршен директор и ко-основач на првиот македонски веб сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој предизвика револуција во оналјн купувањето и стана лидер на пазарот на е-трговијата. Дипломирала како најдобар студент на генерацијата на Економскиот факултет, Скопје на департманот по Е-бизнис.На натпреварот за најиновативен бизнис план организиран од NCDiel во 2010 годинапобедува и добива парична награда со која го започнува бизнисот. Нина верува во моќната синергија помеѓу теоријата и праксата и се стреми со стекнатото практично знаење да придонесе кон науката. Магистрира во 2012 година, а веќево 2016та година станува Доктор на науки. Нина Ангеловска се наоѓа на листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа (100 Female Founders Europe) која ја состави еминентниот германски магазин The Hundert, а потоа ја сподели и Forbes. Со нејзиното 6 годишно искуство во менaџирање на најголемиот сајт за е-трговија и успешната претприемачка приказна, Нина е говорник и предавач на бројни настани, конфенреции и тренинзи, а од неодамна и ментор на неколку академии.

Катерина Ангеловска
Тренер за личен развој, автор и мотивациски говорник  www.katerinanagelovska.mk.

Нејзиниот авантуристички и позитивен дух, како и личното долгогодишно истражување во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Jack Canfield. Програмата за личен развој по која ја препознаваме Катерина Ангеловска е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield. Таа води разновидни обуки и работилници за личен развој и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации, со цел да ја пронајдат големината и моќта во себе, и да станат творци на својот живот. Таа исто така е и сертифициран Реики практикант. Реики е многу стара техника за исцелување која се базира на користење на Универзалната енергија, и е наменета за подобрување на капацитетот на виталната енергија на човекот, за подобрување на имунитетот, и за подобрување на квалитетот на животот. Во многу развиени земји, Реики методата е интегрирана со методите на современата медицина. Реики како практика е дел од работењето на Катерина.

Во нејзината листа на сертификити се вклучени и Neuro Human Behavior Practitioner of the Art and Science of Neuro Linguistic Programming (NLP) и SPIN Coaching Programme (програма за напредни техники за продажба).

Пред повеќе од еден месец таа ја издаде својата прва книга 333 Афирмации. Оваа книга е лична збирка на Катерина, преку која не води низ светот на позитивната творечка мисла. Таа верува дека развојот на позитивната состојба на умот е една од најмоќните животни стратегии. Афирмациите како техника за позитивно размислување се дел од нејзината програма.

Се надеваме дека ќе успеете да ни се придружите на настанот со кој ќе одбележиме 8-ми роденден на МАЧР!

Ве молиме потврдата за Вашето присуство да ја доставите на
contact@mhra.mk или да се пријавите преку онлајн формата: овде.

Се гледаме! :)

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член