Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Објавен е новиот број од е-весникот "Човечки капитал"!

Почитувани членови, соработници, пријатели и читатели,

 

Заедничките идеи, визии и замисли ги преточивме во новото издание на нашето електронско списание “Човечки капитал”. Во овој број, со кој заокружуваме еден цел календарски циклус, имаме задоволство да Ве информираме и потсетиме на активностите на Македонска асоцијација за човечки ресурси и на нашите заеднички достигнувања. Во најголем дел даваме ретроспектива на настаните кои се одржаа во изминатиот период од последното издание на нашиот електронски весник.

Особено внимание заслужува нашиот најпрепознатлив бренд – традиционалната годишна меѓународна конференција за човечки ресурси, на која сме особено горди. Таа го привлекува вниманието на се поголем број на учесници од земјава и регионот. Во овој број, сите оние кои немаа можност да присуствуваат или да се запознаат преку бројните објави и написи во медиумите, ќе можат да се запознаат со настаните на конференциите: во 2016 година, одржана во хотелот Мериот во Скопје, и во 2017 година одржана во хотелот Александар Палас во Скопје. Од година во година, овој настан е сe повисоко на картата на HR настани во регионот и пошироко, со потврден квалитет и сe поголема посетеност.

Не ги изоставивме и сопствените иницијативи, како што е наградата “HR менаџер на годината”, која оваа година беше доделена по трет пат од нејзиното воведување. Понатаму, редовните полуформални средби именувани како “HR кафе & Networking”, кои се сe попосетени од нашите драги членови и соработници и од кои се почесто призлегуваат убави приказни и долгорочни пријателства и соработки. Донесуваме и интервјуа со HR професионалци, кои ни ги пренесуваат своите искуства и постигнувања во менаџирањето со луѓето.

И во ова издание, ќе имате можност да ги прочитате стручните статии на наши членови, кои обработуваат интересни актуелни теми и споделуваат искуства, овојпат со акцент на личниот и професионалниот развој.

Се надеваме дека темите ќе го привлечат Вашиот интерес и дека ќе уживате во читањето!

Со почит,

Редакцискиот тим на
“Човечки капитал”

До е-весникот "Човечки капитал" бр. 7, може да пристапите овде

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член