Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Семинар за препознавање, превенција и спротивставување на мобингот во Полска

Во февруари 2017 година, претставници на Македонската Асоцијација за човечки ресурси земаа учество во еднонеделен семинар на тема „Млади професионалци, кажете НЕ на мобинг“.

Обуката, која претставува дел од имплементацијата на Еразмус+ проектот за поттикнување на мобилноста на младите чиј носител е Центарот за образование и вработување на младите (OHP) од Лублин, се одржа во местото Ланцкорона во Полска. Во проектот покрај Македонија учествуваат уште 14 земјии тоа: Обеднетото Кралство, Латвија, Русија, Белорусија, Украина, Египет, Србија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Италија, Унгарија, Романија, Грција и домаќинот Полска.


Мобингот во работната средина е присутен во сите земји преку слични или различни пројави и специфики и со него се соочуваат голем број вработени и работодавачи. Преку презентирање на истражувањата спроведени во повеќето земји непосредно пред семинарот, сите учесници ги елаборираа резултатите, што беше основа за натамошниот тек на обуката. Преку учеството во обуката подготвена од организаторот, нашите претставници се здобија со вештини за превенција, препознавање и спречување на мобингот на работното место и надвор од него, а со тоа го верификуваа знаењето за спроведување на вакви и слични обуки во нашето деловно опкружување.


Здобиеното искуство на оваа обука ја отвора можноста за организирање на работилници и обуки на оваа актуелна тема во нашата земја со цел да се сподели стекнатото знаењена компаниите и професионалците и да се унапредат односите во работната околина.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член