Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси и Вработување.ком ве покануваат на интерактивна работилница:

“Системи за управување со перформансите на вработените во македонските компании и инстутуции”

· 22 септември 2017 (петок), 09:15h - 15:00h · Public Room – Скопје

Бидете дел од работилницата каде што секој ќе научи нешто ново, корисно и најважно од искуство од пракса, што ќе му помогне во понатамошното работење во менаџменетот со човечките ресурси!

Потврдени гости- предавачи се претставниците од компаниите:

Оне.Вип, Народна банка на РМ, Халкбанк АД, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Вработување.ком, Вабтек МЗТ, Прилепска Пиварница, Цементарница Усје (Титан Групација)...

Краток опис: 

Системот за управување со перформансите на вработените е еден од основните системи во менаџментот со човечките ресурси кој е неопходен и има видливи ефекти врз успешното, ефикасно и ефективно функционирање на една организација и исполнувањето на поставените цели.

На оваа работилница низ искуството пренесено од HR менаџерите и првите лица одговорни за оваа функција, ќе бидете запознаени со тоа кои видови на системи за управување со перформансите, реални практики и решенија се воспоставени и применети во компаниите во Македонија и ефектитеврзцелокупниотуспехнаорганизациите.

Дел од прашањата кои ќе бидат дискутирани и одговорени се:

  • Како се воспоставува систем за управување со перформансите на вработените (законска регулатива / процедури / ИТ решение)?
  • Кои се чекорите при воспоставувањето и како се избира најсоодветното решение?
  • Која е неговата улога, ризиците и грешките кои можат да се јават при мерењето на перформансите?
  • Како се врши целокупна анализа и управување со добиените резултати?
  • Предности и недостатоци од различни модели.

Настанот ќе заврши со кратка отворена дебата за предностите, недостатоците и предизвиците за секое од постоечките решенија и практики.

За кого е наменета работилницата:

Вработени - менаџери и специјалисти во големи, средни и мали компании кои се одговорни за менаџментот со човечките ресурси и развојот на вработените, експерти и консултанти кои работат во областа на менаџмент со човечките ресурси и развој на вработените, студенти на последипломски и дипломски студии на факултетите кои имаат програми за менаџмент со човечките ресурси и развој на луѓето и други заинтересирани лица за оваа тема кои сакаат да ги продлабочат своите знаења.

Гости-предавачи:

Магдалена Славејкова, МБА
Член на УО на МАЧР
Менаџер за Човечки ресурси во Цементарница УСЈЕ АД Скопје (ТИТАН Групацијата)

Како Менаџер за Човечки ресурси на локално ниво, нејзината улога е развивање на модели за организациски развој на компанијата, како и развој на вработените и обезбедување на таква организациска култура која придонесува за постигнување на високи деловни резултати. Исто така таа е одговорна и за внатрешните и надворешни комуникации на компанијата и за активностите од општествена одговорност и одржлив развој. Активно работи на развој на човековите права преку Глобалниот Договор, а во 2012 година беше претставник на бизнис заедницата од земјава на Првата конференција за бизниси и човекови права при Обединетите Нации. Магдалена е член на МАЧР од самиот почеток, а во 2014 година беше избрана за Менаџер за Човечки ресурси на Годината, од страна на Асоцијацијата.

 
м-р Христина Лозаноска
Претседател на Управниот одбор и МАЧР
Раководител на отсек за развој на човечките ресурси во Народна банка на РМ

Христина е претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси од 2012 година, моментално работи како раководител на отсекот за развој на човечки ресурси во Народната Банка на Република Македонија, а зад себе има повеќе од 16 годишно работно искуство во НБРМ на повеќе работни позиции, од кои 10 години во областа на управувањето со човечките ресурси. Професионалните ангажмани ги надополнува со активни учества во процесите за стандардизација во професијата HRM, како претседател на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на РМ. Исто така има активно учество во проекти за развој на професијата и развој на човечкиот капитал во земјата, како консултант. Како гостин- предавач има одржано обуки на катедрите за менаџмент на човечки ресурси на државниот Економскиот Факултет во Скопје, како и на Универзитетот Американ Колеџ. Христина е магистер на Економскиот факултет во Љубљана (КМБА), по Менаџмент и организација, со специјализација во менаџментот со човечките ресурси, на тема HRM Модели.

 
проф. д-р Марјан И. Бојаџиев
Ректор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

 Како искусен менаџер и поранешен директор на неколку средни компании и банки во Македонија зад себе има богато искуство во водење на вработените како најважен ресурс особено во услужните компании. Тој е претприемач, визионер и лидер, член на неколку меѓународни организации, меѓу кои и Европската Академија за Менаџмент (EURAM).  Дел од образованието го стекнал на Harvard Business School ( 2008/ 2009).

Бојаџиев е професор по ‘Организациско однесување’ и ‘Лидерство’, а во 2012 ја доби престижната награда Teaching Excellence Award - Teacher of the Year од американското акредитационо тело за бизнис школи и програми ACBSP. Од 2016 – та година е визитинг професор на МБА прогамата на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим.

 
м-р Ивана Дојчиновска - Стојановиќ
Директор за човечки ресурси во Вабтек МЗТ АД Скопје
Член на УО на МАЧР


 Ивана е ЧР професионалец со повеќегодишно искуство во менаџирање со луѓе, со специјалистички фокус на производни системи. Од 2010 година раководи со Секторот за ЧР во Вабтек МЗТ АД Скопје, производител на сопирачки за шински возила кој вработува над 300 луѓе. Во своето кариерно портфолио има забележено над 12 години искуство во меѓународната развојна соработка како лидер на проекти за развој на работна сила, реформи во средно стручно образование, поврзување на образованието и бизнисот и вработување во Македонија и регионот. Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси на Инстиутот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Таа е сертифициран советник за кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator) и сертифициран обучувач на советници за кариера, обучен професионалец за односи со јавност, лиценциран ментор за практиканти и овластен преведувач од германски јазик. Во рамките на наградата „HR менаџер на годината 2014”, МАЧР ја одликуваше со признание за особени достигнувања во професијата. Ивана е основач и член на УО на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и член на УО на МАЧР од 2015
 

Искра Конеска, MBA
Директор за човечки ресурси
Прилепска пиварница АД


По вокација професор по англиски јазик и книжевност со двегодишно искуство во образование, а потоа и стекнување со MBA, Искра Конеска својата кариера како менаџер за човечки ресурси ја започнува во ИТ компанијата Nextsense во која работи од  2007 до август, 2013 година воведувајќи ги сите аспекти од управувањето и развојот на човечките ресурси во компанијата. Во септември 2013 година Искра станува дел од менаџерскиот тим на Идеал Шипка Битола која е дел од Lactalis Групација, една од најголемите млечни индустрии во светот, на работна позиција Менаџер за човечки ресурси за Македонија каде ги спроведува сите меѓународни корпоративни стандарди од управувањето и развојот на човечките ресурси во компанијата значително зголемувајќи го своето искуство во областа на човечките ресурси. Водекември 2016 година се враќа во Прилепска Пиварница каде и најпрво се запознава со бизнис работењето но овојпат на позиција Директор за човечки ресурси, нов сектор во компанијата. Член е и еден од основачите на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Паралелно работи и како консултант и сертифициран обучувач во полето на управување со човечки ресурси. Добитник на HR Excellence Award во 2010 година, награда доделена од страна на специјализираното списание за човечки ресурси Global HR, како и неколку признанија за успешно спроведени општествено одговорни практики на дел од проектите во делот на односи со вработените. Исто така добитник е на признанието за Најиноватвен HR менаџер за 2015 година од страна на МAЧР.



м-р Стефан Јовановски
раководител на одделот за ЧР во Оне.Вип Доо 

Стефан Јовановски е дипломиран економист и магистер по менаџмент на човечки ресурси. Стефан има работено во повеќе организации и стекнато огромно корпоративно искуство (20 години) така што станува збор за професионален профил кој чувствува и знае како пулсираат и каде се движат комапниите. Поголемот дел од своето искуство г. Јовановски го има стекнато во одделот на ЧР (18 години) што му обезбедува знаење и експертиза во повеќето HR практики – плати, бенефиции, релации со вработените, организациска архитектура, организациска структура, евалуација на работен учинок итн. Стефан бил и е постојан член на проектите и тимовите кои ги носат промените и придонесуваат организацијата да биде модерна, современа и просперитетна. Поради тоа што Стефан е долги години HR менаџер во големи интернационални компании тој лесно препознава кога падовите во работните резултати се последица од недоволна обученост и некомпетентност на вработените, како и недоволна искористеност и несоодветно управување со индивудуалниот потенцијал и ресурси. Стефан беше дел од тимот кој за прв пат спроведе евалуација и управување со  работниот учинок во некогашен “Космофон” во далечната 2004 г., кога таа пракса беше скоро непозната во нашата држава.
Главен фокус на Стефан денес е обезбедување на услови за развој на вработените заради целосно искористување на нивниот работен потенцијал како и етаблирање на организациската култура и водство кое ќе биде на висина на оваа задача.
Денес Стефан е на позиција раководител на одделот за ЧР во Оне.Вип и предавач на различни теми од областа на МЧР во корпоративни услови,. Оваа година доби и јавно признание за својот придонес во развојот на HR одделите во Македонија.


Ирена Т. Ѓоршев
Психолог, Раководител на организациски консалтинг,
Вработување.ком

Како дел од нејзиното секојдневно работење се процесите на организациска психологија и консалтинг, преку користење на најразлични методи и алатки. Таа има повеќегодишно искуство во процесите на регрутација и селекција на кандидати за најразлични профили на професии, како и со најразличен вид на истражувања, особено во делот на истражувања на маркетинг, јавно мислење и организациска клима преку користење на голем број методологии. Во однос на HR консалтингот, нејзиното искуство е во развивање и имплементација на алатки за зголемување на ефективноста и ефикасноста на организациите, креирање и обработка на модули и работилници поврзани со разрешување на конфликти, себеактуелизација, развивање на ефикасност на тимови и тимска работа, менаџмент вештини, продажни вештини, комуникација итн. како и креирање и спроведување на асесмент центри за проценка на потенцијали преку стандардизирани алатки.

Кристина Спироска
HR директор, Халкбанк АД

Котизација, пријавување за учество и место на одржување:

Котизацијата за еден учесник изнесува 3 000 денари
За членовите на МАЧР котизацијата изнесува - 2 000 денари
За студенти следува посебна промотивна понуда од 1 500 денари! 

За да се пријавите за учество, ве молиме пополнете ја пријавата и доставете ја до организаторот на contact@mhra.mk или контактирајте не на тел. 078/ 389-277.

Крајниот рок за пријавување и уплата на учесниците трае најдоцна до 19 септември 2017 (вторник)  или до моментот додека не се пополни групата на принципот „прв пријавен – прв услужен”.

Бројот на учесниците е ограничен!

** Во цената се вклучени кафе пауза, освежување и закуска и сертификат за учество.

Настанот ќе се одржи во Јавна соба/ Publuc Room (линк за мапа)


АГЕНДА

ПРИЈАВА за УЧЕСТВО


Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член