Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

HR кафе & Networking:

“Развој и компетенции на нови лидери и менаџери”

28 септември 2016, Скопје Мериот хотел, 17:00 - 19:00 часот

Повелете на нашето следно HR кафе & Networking: “Развој и компетенции на нови лидери и менаџери” во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси!

Дискусија посветена на пречките со кои се соочуваат младите луѓе после формалното стручно образование и потребите на компаниите во однос на потребните компетенции за работните места.

Во Македонија е неопходно да се подигне нивото на стручно образование со цел лицата кои се стекнуваат со истото полесно да дојдат до работа, а компаниите да имаат на располагање квалитетен и стручен кадар. Истовремено ова е главната цел на проектот „Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење” кој го спроведуваат М6 Едукативниот Центар, Економскиот Факултет при Унивезитетот во Љубљана, Идеа ОК, Италијанската асоцијација за човечки ресурси и Македонската асоцијација за човечки ресурси.

 
На темата ќе зборуваме со:

-      Димитар Османли, проект-тим лидер (М6 Едукативен центар)

-      Дарко Петровски, истражувач во тимот за проектот (МАЧР) и

-      Благица Ризоска, предавач и консултант од областа (Ембра Корпорација)

 

Бидете дел од овој полуформален настан наменет за размена на искуства и вмрежување, со тоа што е предвидена 40 минутна презентација додека останатиот дел од времето е за неформално дружење.

 
Воедно овој настан претставува вовед во претстојната интернационална HR конференција која ќе се одржи на 13-14 октомври во организација на МАЧР, а каде што ова е една од главните теми кои ќе бидат презентирани и дискутирани од страна на докажани практичари и HR професионалци од странство.
 

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/VbpjNZW3uC8aMd4k1  или на contact@mhra.mk !
 
 
Ќе ни биде големо задоволство доколку успеете да присуствувате!

#HRkafe е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член