Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Интервју со HR лица:

Успешна адаптација на теоријата во пракса

Никола  Ефтимов, pаководител на Одделот за управување со човечки ресурси во Алкалоид АД Скопје и добитник на наградата - Менаџер за човечки ресурси за 2015 година

“Самиот процес за избор на менаџер за човечки ресурси во организација на МАЧР е доста темелен и сеопфатен и за секој професионалец од оваа област тој влијае мотивирачки од секој аспект.”

МАЧР: Господине  Ефтимов,  Вие сте раководител на Одделот за управување со човечки ресурси во една од најуспешните македонски компании со домашен капитал – Алкалоид АД Скопје. Кој е сублиматот на Вашиот работен ангажман во компанијата?

Областа на активности и на одговорности на мојата позиција опфаќа грижа за развивање,  имплементирање  и за одржување на процесите за управување со човечки ресурси во компанијата. Благодарение на свесноста и на разбирањето за потребата од овие  процеси  на  менаџментот  на  Алкалоид АД на  чело  со  г.  Живко  Мукаетов,  и благодарение  на агилноста  на тимот  на Одделот  за управување  со човечки ресурси, активно се грижиме за организацискиот менаџмент, за селекцијата и за регрутац ија та на кадар, за управувањето со таленти, планирањето на човечките ресурси, меѓународниот менаџмент, за системите и за процесите за планирање и за имплементирање тренинг и едукација,  за подобрување на интерната комуникација,  за управувањето со промените, управувањето  со  тимовите,  за  системите  за  наградување,  како  и за  лоцирањето  на потребата за подобрување на технолошките (софтверски) решенија коишто се во функција на процесите за управување со човечките ресурси.

МАЧР: Вашата компанија работи и на меѓународен пазар, во неколку држави. Како ги менаџирате вработените коишто работат надвор од Македонија и која е Вашата улога во тоа?

Улогата на Одделот за управување со човечки ресурси е да ги усогласи клучните процеси   за   управување   со   човечките   ресурси   во   сите   свои   фирми   ќерки   и претставништва.  Најчесто  сме  инволвирани  во процесите  на  селекција  за  клучните позиции, едукација и на тренинг на вработените, како и во процесите на управување/менаџирање со промени и на имплементирање на технолошки решенија.

МАЧР: По професија сте машински инженер, а Вашата работа се одвива во сферата на управувањето со човечките ресурси! Интересно..., кое е Вашето толкување?

Во периодот на деведесеттите години кога студирав  и дипломирав  на  Машинскиот факултет во Скопје, индустријата  во Република Македонија беше речиси колабирана,  а можности за вработување на машинските инженери речиси и да не постоеја.
Во таквиот амбиент барајќи начин да ги реализирам своите амбиции и да отпочнам со својот развој на кариерата, почнав со ангажман во меѓународни организации,  прво  во  ОБСЕ,  а  потоа  и  на  проекти  на  Европската  комисија  во  Република Македонија,  каде  што  всушност,  и ги развивав  своите  компетенции  од областа на управување со луѓе, менаџмент на човечки ресурси, организациски менаџмент, тренинг и едукација, управување со компетентноста на вработените и друго.

Јас, лично, ја имав таа среќа во јануари 2008 година, по 8-годишно искуство во областа, да добијам шанса да станам дел од менаџерскиот  тим на Алкалоид АД Скопје. Во меѓувреме,  како дел од 4-тата генерација постдипломци на Економски факултет - Љубљана, ги завршив испитите од областа  на  управувањето  со човечки ресурси и во моментот  го изработувам  својот магистерски труд.

Иако, машинството и човечките ресурси припаѓаат  во разлини научни области, голема бенефиција и причина за успех во имплементирањето на проектите од областа на човечките ресурси беше токму мојот матичен факултет и начинот на размислување што го развив студирајќи во областа на оваа техничка наука.

МАЧР: Вас, кои карактеристики  и вештини  треба да ги поседува  еден успешен менаџер за човечки ресурси и како професионалец и како личност? На кој начин Вие ги стекнавте потребните вештини?

Покрај академското знаење во областа и практичното искуство за имплементирање  на проекти, како и во секоја друга област, потребно е професионалецот многу добро да ја познава индустријата во којашто работи, со цел поуспешна адаптација на  теоријата  во  праксата,  да  ги  препознава  и  лоцира  потребите  на  бизнисот  за имплементирање практики од областа на човечките ресурси, да биде љубопитен и постојано во потрага по нови  знаења  и  надградба,  да  биде  амбициозен,  приземен  и реален  во очекувањата и во реализацијата на проектите, агилен, постојан ... и, секако, многу упорен.

МАЧР: Кои се најголемите предизвици со коишто еден менаџер за човечки ресурси се соочува во Македонија и кои се најголемите предизвици со коишто  Вие се соочувате во Алкалоид АД Скопје?

Мојот впечатокот е дека во Македонија најголемиот предизвик на професионалците од областа на човечки ресурси е синхронизацијата на потребите на компанијата и знаењето коешто младиот неискусен кадар го носи со себе, во смисол на време потребно за доедукација и за пренесување на знаењето.

МАЧР: Кои Ваши професионални достигнувања во компанијата ги сметате за најзначајни (и најголеми) во изминатата година како менаџер за човечки ресурси?

Изминатата, 2015 година, отпочнавме со имплементирање нов Систем за управување со таленти. Тој има за цел  да ги надгради досегашните практики во управувањето со вработените (поточно со нивните таленти) и во  управувањето  со  компетентноста  на  вработените во комапнијата, да ги мотивира вработените и на долг рок да постави одржливи процеси во развојот и во градењето замени за сите клучни позиции во Алкалоид АД Скопје.

МАЧР: Претходната година Ви беше врачено признанието за менаџер за човечки расурси на годината. Што значи за Вас ова признание? Како го оценувате процесот на избор што го организира Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР)?

Ова признание за мене има пошироко значење од личен успех и сатисфакција. Уверен сум дека  доколку  ја немав поддршката  од менаџментот  на Алкалоид и разбирањето за потребите од проектите кои во изминатите години беа успешно имплементирани,  а многу  од нив и за прв пат во некоја од компаниите во Македонија, и доколку ја немав  поддршката  од  мојот  тим  во  Одделот  за  управување  со  човечки  ресурси, едноставно немаше да имам ваква можност да ги реализирам професионалните ам биц ии и планови во областа.

Самиот процес за избор на менаџер за човечки ресурси во организација на МАЧР е дост а темелен и сеопфатен и за секој професионалец од оваа област тој влијае мотивирачки од секој аспект.

МАЧР: Која е Вашата проценка на условите во коишто се развиваат менаџерит е з а човечки ресурси во нашата држава? Дали организацијата игра пресудна улога во нивниот личен и професионален развој? Која е Вашата препорака за помладите колеги во однос на нивниот професионален и стручен развој во оваа област ?

Изминативе 4 до 5 години, домашните факултети, професионалниот кадар во областа на човечките ресурси ги издигна своите капацитети на доста повисоко ниво во споредба со претходниот период, со што се издигна и нивото на институциите и нивната подготвеност да понудат релевантно знаење и академска подготовка. Поради недостиг на нивни практични искуства, МАЧР треба да го заземе соодветното место во комплетирање  на  таа  едукација,  нудејќи  можности  за  сертифицирање  на професионалците од областа на човечките ресурси.

Текстот изворно е објавен во е-весникот "Човечки капитал" бр.56, стр. .
До останатите текстови од весникот може да пристапите 
овде.


 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член