Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) и Делта Му Делта – Пи Алфа (ДМД) ја официјализираа меѓусебната соработка


Минатата недела во рамките на настанот HR кафе & Дружење (06/09/2017), кој што МАЧР редовно го организира за своите членови, партнери и соработници, посебен момент беше официјализирање на соработката со мрежата на Делта Му Делта – Пи Алфа (ДМД).



ДМД е мрежа во која членува кадар кој на своите студии имал просек со оцена повисока од 9,5 , кој има завршено студии од 1, 2 и 3 циклус, подготвен за волонтирање, стажирање, вработување. Во моментов мрежата на ДМД е распространета во над 175 држави и нуди можност за вмрежување со над 160.000 членови од целиот свет. ДМД преку своите членови со посебни достигнувања во образованието и науката, нуди разни истражувања и анализи, консултантски услуги и мислења и изработување анкети.

 
Со потпишување на меморандумот за соработка од страна на претседателите на двете организации, г-а Христина Лозаноска во име на МАЧР и г. Михаил Огненовски во име на ДМД го изразија интересот за воспоставување и продлабочување на соработката.



 
Меѓу позначајните цели кои беа напомнати е имплементирање на заеднички проекти, меѓусебно помагање на полето на економијата и истражувачките дејности, вклучување  на членовите во заедничките цели и потикнување на меѓусебни интереси.



 Долгорочната цел е да се изгради долготрајна соработка која ќе значи стручна помош на секој член на МАЧР и ДМД, и унапредување на своето неформално образование, а притоа да придонесе за раст и развој за двете организации,  Преку имплементирање на заедничките активности на двете организации, што ги вклучува членовите, тие ќе можат да помогнат, но и при тоа да добијат вештина, знаење, нови и проширени можности за својата иднина. 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член