Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси го одржа редовното годишно собрание за 2017 година

На ден 22 ноември 2017 година, се одржа редовна седница на собранието на членови на Македонската асоцијација за човечки ресурси.


Како главни точки на дискусија, согласно предложениот дневен ред, беа презентирани, дискутирани и усвоени:

  • Записникот од претходната седница на Собранието (26/05/2016)
  • Извештај за работа и финансиски извештај на МАЧР за 2016 година
  • Предлог стратегиските цели - Програма за работа на МАЧР за 2017/2018 година

На оваа работна седница се направи избор на нов член на Управниот одбор на МАЧР, заради дополнување на веќе отворено место, односно како замена на Дојранка Анастасовска-Цветковска. За истото беше предложена и назначена Татјана Јовановска Соннбергер, партнер-управител во компанијата CEE HR Consulting, професионалец во HR областа со 10 години работно искуство, специјализирана во делот за регрутација. Најзината функција како член на Управниот одбор на МАЧР, ќе  ја извршува во времетраење од една година до следното собрание.

Притоа на оваа работна седница беше констатиран приемот на новите членови на МАЧР за 2017 година.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член