Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на

Септемвриско HR кафе на тема:

„Двата чекори пред избор на успешна стратегија“

19 септември 2018, среда, 17 ч. „Public Room“ – Скопје



Во процесот на избор на стратегија за успех ние пропуштаме два чекори, а тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегијата за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех што е вториот чекор. Како одговор на првиот чекор настана мојата прва книга „Благодарам“ а како одговор на вториот чекор работам на втората книга.
„Благодарам“ е детска книга а целта на предавањето е како една детска книга може да ја унапреди работната изведба на вработените, организацијата. Се прашувате како?! Јас имам некои предлог одговори, ве очекувам на заеднично дружење и размена на идеи како некои работи можеме да ги правиме и поинаку. – Ана Салтирова Давидовски
 

Придружете ни се на настанот каде што секој од вас ќе има прилика да ја прошири својата лична „мапа“, да ги размените вашите искуства, да се запознаете меѓусебно проширувајќи ја вашата мрежа на контакти и да се се напиеме заедничко кафе, како и секој месец! Како и да добиете идеја со што би можеле да ги изненадите и родителите и децата за Нова година.

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 17.15 часот и ќе биде со времетраење од околу 60 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

>> Секој ден може не е добар, но во секој ден има нешто добро :) <<

За предавачот:
Ана е менаџер за Човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој „просечен“ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со НЛП, по што се вклучи во првата група во Македонија за систематизирано изучување на НЛП според стандардите на IANLP – International Association for NLP, понатамошната обука ја продолжи во Белград и се има стекнато со степен на НЛП Тренер и Коуч. Таа е социјален работиник кој има магистрирани на човечки ресурси, истовремено Ана е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
 
За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите ТУКА или преку испраќање e-mail на contact@mhra.mk.

Пријава за HR кафе 
 

#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови,наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.
Мапа за местото на одржување – Public Room/ Јавна соба (
линк)

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите! 
 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член