Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Стручни статии од членови:

Соработка на стручниот тим


Спортот јасно ни покажува како да работиме со другите за да ги добиеме нај­до­б­ри­те резултати. Тој нe учи дека мора да мислиме на групата како целина, а не са­мо на поединците. За успех се потребни и придонесите на сите кои се анга­жи­ра­ни­­ околу спортската екипа. Џон Вуден прави споредба со работата на една филмска про­дукција каде за успехот на тимот се заслужни сите, а не само режисерот и гла­вните актери. За Вуден спортот не е само победа, туку тој го истакнува зна­че­ње­то на самата игра во спортот, т.е. стилот и начинот на иг­ра­.[1]

Тренерот со своето однесување и пристап кон работата треба да биде мо­дел за  однесување за играчите, а особено за помладите. Тој треба да го де­мон­­с­т­рира она однесување кое го очекува од членовите на стручниот штаб и чле­­но­ви­те­ на спортската екипа. Кога еднаш ќе ја поставите вашата работна етика, кога еднаш ќе по­ка­же­те­ волја да станете рано, да легнете доцна и ќе си зацртате дека ќе истраете сe  додека не станете успешен, тогаш вие сте на патот да станете мотивирана лич­но­ст. Вие мора да бидете еднакво посветени и на работењето на правилен начин. За­помнете, совршено извршената вежба, ве прави совршен.[2]

Од горенаведениот цитат, може да се заклучи дека успехот на еден тим се сос­т­о­­и од посветеноста, упорноста и правилниот став кон работата, тренинзите и веж­бите на сите актери во спортската игра.

Способноста да се види можност каде што другите гледаат катастрофа е карактеристичен фактор на успешните спортисти и екипи. Најдобрите спортисти се многу оптимистични поединци. Оптимизмот придонесува за  подобрување на пер­­­­­формансите  на поединците и на целиот тим. Во речиси сите поголеми клубови во­­ состав на стручните тимови покрај доктори, физиотерапевти и нут­ри­ци­о­нисти сe­­ повеќе има и психолози. Тимотеј Харкнес е клубски психолог во  фуд­балскиот клуб “Челси” каде што работи со постарите и помладите играчи. Тој во својата ра­бо­та ги применува принципите на позитивна психологија, обука за ког­ни­ти­в­на­ перцепција, како и  психофизиологија.[3]

Успехот на една спортска екипа не зависи само од стручноста на главниот тренер, туку и од неговата соработка со управата, од една страна, и со целиот стручен тим на спортски тренери и работници, од друга страна.

Според Влад Роска, успехот во рагби тимовите е резултат на соработка помеѓу повеќе  лица (играчи, тренери, менаџери, медицински лица итн.), уп­ра­ву­вање  во која било форма, било да е тоа за обука, лидерство и ме­на­џ­ме­нт, се­то тоа  игра важна улога во освојувањето на натпреварите и самото на­т­пре­­варување. Ефикасното управување е највлијателниот фактор во до­би­ва­ње­на­ еден спортски успех. На пример, во еден рагби тим кој цели да биде шам­пи­о­нски тим, играчите мора да бидат обучени, управувани и водени од ст­ра­на на тренер кој треба да ја докаже својата способност  да ги води лу­ѓе­то и  да уп­ра­ву­ва со организацијата.[4]

Да се биде дел од победничкиот тим, значи да се плати цената за тоа, од­нос­но членовите на тимот треба да ги исполнат следните барања: по­жр­т­ву­ва­но­ст­, посветеност, несебичност и постојан личен развој.[5]

Спортските тренери имаат голема улога во развојот на спортот и пос­ти­г­ну­ва­њето на резултатите на спортската екипа. Честопати тие тоа го пра­ват­ и на во­лон­терска основа поради пасијата и љубовта кон спортот. Тие им п­о­ма­гаат на спор­тистите да го достигнат својот потенцијал и да ја подобрат играта и изведбата. Лидерот на тимот треба да преземе иницијатива и да се осигура дека секој член во тимот расте и се подобрува.[6]

Важна е соработката со другите спортски тренери и стручни соработници, ка­ко што се: фитнес тренерот, физиологот, психологот, докторот и нут­ри­ци­о­ни­с­тот внатре во самиот стручен тим и соработката на секој член од стручниот штаб со членовите на спортската екипа.

Денес, науката во спортот има сe поголема улога и во креирањето на нови работни места и области за поддршка на спортските тренери, клупските ме­на­џе­ри­ и стручни соработници.Спортската наука има улога и во индивидуалниот тре­ни­нг, но и во екипниот. Во професионалните клубови сe повеќе се ангажираат и вработуваат експерти коишто се стручни во своите области, а кои пак се поврзани со спортот и активностите  за постигнување на врвни спортски резултати. Колку корист од овој потенцијал на стручно знаење ќе има спортската екипа зависи и од соработката на тренерот со стручниот штаб. Во основата на оваа соработка лежи комуникацијата, видот и стилот на тренерот за водење и управување.  Главниот тренер треба да знае дека не може да го примени истиот стил на водење и комуницирање во стручниот штаб како оној којшто го применува на терен, со спортската екипа. Здравјето, кондицијата, социјалното здравје, физичкото здравје на членовите на спортската екипа зависат и од соработката на стручниот тим. Ква­ли­тетотнна соработката внатре во стручниот тим и квалитетот на соработката со чле­новите на спортската екипа влијае и на односот на играчите кон клубот и со­иг­рачите.

Од друга страна, квалитетот на соработката на тренерот со стручниот тим влијае на работната атмосфера во стручниот тим, климата на доверба, ен­ту­зи­ја­з­мот, посветеноста, а тоа пак, се одразува на соработката на  стручниот тим со играчите. На тој начин се креира еден спирален круг на влијанија врз севкупната ефективност на спортската организација. Секако, како најзначајна е врската на тренерот кон играчите, како на индивидуално ниво, така и кон целата екипа. Од сето ова се гледа дека улогата на главниот тренер во една спортска организација е голема. Имајќи ги предвид задолженијата и очекувањата од тренерот на првиот тим се очекува многу. Неговата улога е комплексна и не се однесува само на спортската техника и стратегија, туку и на креирањетона ра­бот­на атмосфера за тимска работа, не само во спортската екипа, туку и во стручниот тим. Ова бара  специфични знаења и вештини, но и лична посветеност на­ тренерот во пос­ти­г­ну­ва­њето на целите и заложбите,  принципите на тимската работа да ги им­пле­мен­ти­ра­ во работењето на стручниот тим.
За да се постигне ова треба да се дејствува во две насоки, во форсирање на позитивните практики, од една страна, и намалување на факторите и практиките кои имаат негативно влијание, од друга страна.

Автор:
д-р Елица Перчинкова
Член на МАЧР

 

 

 

 

Текстот изворно е објавен во е-весникот "Човечки капитал" бр.6, стр. 50.
До останатите текстови од весникот може да пристапите
овде.
--------------------------------------------------------------------------------

[1]John Wooden with Steve Jamison, 1997, Wooden, A lifetime of observation and reflection on and off the court, McGrowHill, pg. 131

[2]Rick Pitino with Bill Reynolds, 1997, Success is a choice-Ten steps to overachieving in business and life, Broadway Books, p.142

[3] http://www.psych.upenn.edu/node/21393

[4] Vlad Rosca, The rugby coach  and his three roles  in the management   Of a rugby team  Management & marketing  Challenges for knowledge society(2010) vol. 5, no. 4, pp. 138

[5] John C. Maxwell, 2001, The 17 indisputable laws of teamwork, Tomas Nelson, Nashville, pg.142

[6] Maxwell,  pg.170

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член