Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Еднодневна обука:

Унапредување на политиките и практиките во стратегискиот менаџмент со човечките ресурси со осврт на родовиот аспект

1 декември 2016 (четврток), 09.00 - 15.30 часот
М6 Едукативен центар

Цели на обуката:

  • Воведување и запознавање на слушателите со модерниот пристап кон стратегискиот менаџмент со човечките ресурси и прашањата за еднакви можности,
  • актуелни состојби и потреба од стратегиски пристап кон менаџментот со човечки ресурси,
  • светските трендови и состојбите во Македонија,
  • значењето на родово-сензибилизираните политики и практики за управување и развој на вработените во организациите и компаниите,
  • местото и улогата на менаџерите и експертите за човечки ресурси во носењето на стратегиските политики и одлуки имајќи го предвид родовиотаспект,
  • конкретни примери за функционални стратегиски и родово-релевантни политики и практики кај најголемите светски компании со цел за задржување на квалитетен кадар и зголемена ангажираност

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за вработени - менаџери и специјалисти во големи, средни и мали компании кои се одговорни за менаџментот со човечките ресурси и развојот на вработените, одговорните лица за менаџмент со човечките ресурси во јавните институции и државните органи (министерства, јавни институции и претпријатија, единици на локалната самоуправа), експерти и консултанти кои работат во областа на менаџмент со човечките ресурси и развој на вработените, студенти на последипломски и дипломски студии на факултетите кои имаат програми за менаџмент со човечките ресурси и развој на луѓето и други заинтересирани поединци за оваа тема.

Теми што ќе ги разработи обуката:

  1. Вовед, поим за стратегиски менаџмент на човечки ресурси, што се еднакви можности во контекст на бизнис и на јавниот сектор.
  2. Какво е значењето на еднаквите можности и на родовата еднаквост во стратегиските определби за континуиран развој на организациите?
  3. Актуелни трендови и реални примери на успешни компании во областа на стратегискиот менаџмент со човечките ресурси и со него поврзаните родови прашања во организациите.
  4. Улогата на менаџерите и специјалистите за човечки ресурси во стратегискиот развој на организациите и во имплементацијата и примената на родово сензитивни политики и практики.
  5. Конкретни примери на политики за стратегиски развој на организациите со помош на родово релевантни практики и како да ги примените во вашата компанија?!
  6. Ефекти од поставувањето на менаџментот за човечки ресурси на стратегиско ниво во компаниите и од примената на родово сензитивни политики и практики
  7. Значењето од промоција на успешните примери на родово релевантни политики и практики за менаџмент со човечките ресурси во и надвор од организацијата/компанијата.

Обучувач:

Дарко Петровски
, м-р/МБА, експерт и консултант за менаџмент со човечки ресурси и развој на луѓе, долгогодиштен менаџер за човечки ресурси, генерален секретар на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), поранешен потпретседател и член на УО на ОРМ и член на Економско-социјалниот совет и актуелен Потпретседател на Локалниот економско социјален совет на Град Скопје, автор на публикацијата „Родово сензитивни политики и практики за менаџмент со човечките ресурси по примерот на светските ИКТ компании“.

Термин, времетраење и локација:

Обуката ќе се одржи на 1 декември 2016 (четврток), со времетраење од 9.00 до 15.30 часот, во М6 Едукативниот центар (ул. 810 бр.2 Скопје, зграда на Тиквеш) мапа


Котизација и пријавување:

  • 2.000,00 денари - редовен износ
  • 1.200,00 денари за членови на МАЧР и за студенти

Настанот е ко-финансиран од страна на програмата за Зголемување на пазарната вработливост (IME), на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и имплементиран од Свисконтакт и Преда Плус.

Пријавување се врши со испраќање на пријавата на contact@mhra.mk.

Краен рок за пријавување и уплата на учесниците е 29 ноември 2016 (вторник)  или до моментот додека не се пополни групата на принципот „прв пријавен – прв услужен”.

Бројот на учесниците е ограничен!

** Во цената се вклучени кафе пауза, освежување и закуска, работен материјал и сертификат за учество.

ПРИЈАВЕН ЛИСТ

АГЕНДА


 За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на: 078/389-277 или contact@mhra.mk.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член