Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Зачленете се/ обновете го вашето членство во Македонската асоцијација за човечки ресурси за 2018 година!



Македонската асоцијација за човечки ресурси - МАЧР како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани, продолжува со остварување на својата мисија за промоција и унапредување на професијата управување со човечките ресурси, како и создавање и имплементирање на највисоките професионални стандарди и развој на човечкиот капитал во Република Македонија, како единствен ентитет од овој вид во земјава. МАЧР е дел од најголемата мрежа на HR асоцијации на европско ниво, како полноправна членка на European Association for People Management – EAPM, а на светско ниво, е дел од World Federation of People Management Associations – WFPMA.

Визијата на МАЧР е развој на луѓето и организациите!

Нашите цели ги исполнуваме преку:

  • Организација на месечни неформални дружења - HR кафе & Networking на актуелни теми
  • Организација на годишна интернационална HR конференција
  • Организирање на други специјални настани: предавања, работилници, обуки, семинари, кои се од интерес на членовите
  • Спроведување и поддршка на проекти, правење истражувања, извештаи и нивно објавување
  • Издавање на полугодишен е-весник "Човечки капитал", списание од информативен и стручен карактер
  • Промовирање, поддршка и заштита на највисоките професионални работни стандарди во професијата, формулирање на етички и процедурални стандарди за работа: развој, промовирање и следење и работните стандарди во практиката.
  • Спроведување на процес на избор на HR менаџер на годината и доделување на признанија
  • Промовирање и поттикнување на соработка, поддршка на активности на партнерски организации и компании со цел за позитивни општествени промени и напредок на општеството…

Кои се вашите бенефити од членството во МАЧР?

  • Едукативни настани во наша организација или во организација на нашите блиски соработници и партнери: меѓународни конференции, обуки, настани, работилници - бесплатни или по повластени цени
  • Известувања за најновите настани и случувања од менаџментот на човечките ресурси во земјава, Европа и на глобално ниво!
  • Можност за директно вклучување во работењето на здружението во некоја од работните групи во рамките на МАЧР
  • Можност за целосно вклучување и креирање на проекти од областа на менаџментот на човечките ресурси, притоа застапувајќи го здружението
  • Споделување на вашите научни текстови и статии од областа на МЧР преку е-весникот "Човечки капитал", newsletter, веб страницата и социјалните мрежи
  • Можности за промоција на вашата компанија и услуги
  • Проширување на мрежата на контакти преку здружението, со докажани и врвни HR експерти и професионалци од приватниот и јавниот сектор од земјава и странство и размена на искуства и практики.

Кој може да биде член на МАЧР?

  • HR професионалци, експерти и консултанти
  • HR директори, раководители и вработени во одделите за управување со човечките ресурси од приватниот и јавниот сектор
  • Професори, но и студенти и почетници во областа на HRM
    т.е. сите заинтересирани лица за делување во областа на управувањето со човечките ресурси !!!

Како да станете член на МАЧР?

  1. Пополнете и потпишете ПРИСТАПНИЦА за членство (и доставете ја до Извршната канцеларија на МАЧР или скенирана на е-маил адресата: contact@mhra.mk) пропратено со Вашата професионална биографија (CV) и  кратка информација во однос на Вашите очекувања како член на МАЧР, но и како би можеле да допринесете во нејзиниот развој и работа
  2. Уплатете го износот за годишната членарина, кој што согласно со Одлуката донесена на седницата на Управниот одбор на МАЧР од 01.02.2016 година изнесува 1.800 денари,  или 1.230 денари за студенти и невработени лица (предмет на верификација).

Оние кои имаат поднесено Пристапница за членство, вршат обнова на истото со уплата на годишната членарина за 2018 година во зависност од тоа во која категорија спаѓаат.
Вашето членство е активно со поднесување на пристапницата, односно со уплатата на годишната членарина и важи до крајот на тековната година!

Подетално за вашите права и обврски од членството во МАЧР, може да погледнете овде.

Зачленете се/ обновете го вашето членство најдоцна до 15 април 2018!


Ве очекуваме...

Македонска асоцијација за човечки ресурси

ВАЖНО: Пред да ја извршите уплатата на годишната членарина, доколку сте нов член, задолжително обратете се до Извршната канцеларија за потврда и дополнителни информации во однос на постапката.

 
Информации за уплата на годишната членарина:

жиро сметка: 300-0000029252-65;
депонент: Комерцијална Банка АД;
даночен број: 4080009503160;
цел на дознака: упис за/ обнова на членство во Македонската асоцијација за човечки ресурси за 2018 година




 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член