Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Стопанскатa комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) ве покануваат на настан за размена на искуства на темата

HR-УСЛУГИ: Стратегии за привлекување, селекција, развој и задржување на таленти и вработени во ИКТ-индустријата

12 декември 2017, (вторник) 13-16ч, Јавна соба - Скопје

За кого е настанот?

Добредојдени се сите извршни менаџери кои се одговорни за развојот на компаниите, менаџери за човечките ресурси и развојот на вработените и специјалисти за талент менаџмент и развој на таленти, и други заинтересирани поединци за оваа темаво компании од ИКТ секторот.

Цели на настанот:

Целта на настанот е учесниците да се запознаат со стратегиските предности од менаџирањето со талентите во една организација и придобивките за организацијата од соодветниот пристап кон оваа тема.

Во текот на настанот учесниците ќе добијат претстава за консултантските услуги што можат да ги добијат во Македонија и ќе можат да разменат искуства со своите колешки/ги од ИКТ секторот во однос на оваа тема, како и да побараат одговори од страна на HR-консултантите од МАЧР во однос на прашањата кои се актуелни и предизвиците со кои се соочуваат ИКТ компаниите во Македонија.

Консултантите ќе направат посебен осврт на услугите кои ги нудат во делот на препознавањето, привлекувањето, селекцијата, развојот и задржувањето на талентите.

Учесниците ќе можат да разменат искуства и да продискутираат и на следните прашања:

·          како да се создаде организациска архитектура за стратегиски менаџмент со талентите,

·          како да се препознаат талентите во организацијата,

·          како да се овозможи нивен развој и кариерен напредок,

·          како да се стекне нивната лојалност,

·          како да не се нарушат или влошат односите со останатите вработени,

·          како да се искористи потенцијалот на талентите,

·          како да се задржат талентите во организацијата, применувајќи притоа одржливи нефинасиски мерки и

·          како да се обезбеди континуирано привлекување на таленти во ИКТ индустријата.

Настанот е поддржан од програмата за Зголемување на пазарната вработливост (IME), на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)  имплементирана од Свисконтакт.


Вовед и модерација:

Дарко Петровски, м-р/МБА, експерт и консултант за менаџмент со човечки ресурси и развој на луѓе, основач на Талент бизнис инкубаторот „Степ-ап“, долгогодиштен менаџер за човечки ресурси, генерален секретар на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), поранешен потпретседател и член на УО на ОРМ и член на Економско-социјалниот совет и актуелен Потпретседател на Локалниот економско социјален совет на Град Скопје. Автор е на книгата Стратешки пристап кон менаџментот со таленти (Ламберт Академик Паблишинг) и на публикацијата „Родово сензитивни политики и практики за менаџмент со човечките ресурси по примерот на светските ИКТ компании“.


Ивана Дојчиновска Стојановиќ, ЧР професионалец со повеќегодишно искуство во менаџирање со луѓе, со специјалистички фокус на производни системи. Од 2010 година раководи со Секторот за ЧР во Вабтек МЗТ АД Скопје, производител на сопирачки за шински возила кој вработува над 300 луѓе. Во своето кариерно портфолио има забележено над 12 години искуство во меѓународната развојна соработка како лидер на проекти за развој на работна сила во техничките занимања, реформи во средно стручно образование, поврзување на образованието и бизнисот и вработување во Македонија и регионот. Магистер е по менаџмент на човечки ресурси, сертифициран советник за кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator) и сертифициран обучувач на советници за кариера, обучен професионалец за односи со јавност, лиценциран ментор за практиканти. Во рамките на наградата „HR менаџер на годината 2014“, МАЧР ја одликуваше со признание за особени достигнувања во професијата. Ивана е основач и член на УО на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и член на УО на МАЧР од 2015.


Термин и локација:

12.12.2017 (вторник), 13.00 - 16.00 часот
Јавна соба/Public Room (мапа-линк)


Агенда:
13.00 - 13.15       Поздравни обраќања на претставници на ИМЕ програмата, МАСИТ и МАЧР

13.15 - 13.45       Вовед: Талент менаџмент - Привлекување, селекција и развој на таленти – Дарко Петровски

13.45 - 14.15       Вовед: Талент менаџмент – Задржување на таленти со нефинансиски методи – Ивана Дојчиновска Стојановиќ

14.15 - 14.30       Пауза

14.30- 16.00        Отворена дискусија, размена на искуства помеѓу учесниците, прашања и одговори - (во текот на дискусијата, учесниците ќе можат да се послужат со закуска подготвена од Јавна соба)

**Превземи агенда во .пдф формат

Пријавување за учество:

Пријавување се врши онлајн преку пријавата: https://goo.gl/forms/wkoxFXjJeQ5gR8dR2
Бројот на учесниците е ограничен!
Краен рок за пријавување е 8 декември 2017 (петок)  или до моментот додека не се пополни групата на принципот „прв пријавен – прв услужен”.

За сите дополнителни информации, Ве молиме обратете се до организаторите:

* Македонска асоцијација за човечки ресурси (МАЧР): 078/389-277 или contact@mhra.mk. или
* Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ):  075/280-507 или contact@masit.org.mk

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член