Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

МАЧР ве поканува на HR кафе & Networking на тема:

Балансот помеѓу барањата на работното место и личниот живот!

5 април 2017 (среда), МКЦ клуб ресторан - Скопје

Драги пријатели,

Што следно подготвивме за ВАС?

Со големо задоволство ве покануваме на следниот, од серијата на полу-формални настани - HR кафе и дружење,  што ќе се одржи на 5 април (среда) со почеток во 17 часот, во МКЦ клуб ресторанот- Скопје.

Главната тема на која ќе зборуваме овој пат е БАЛАНСОТ ПОМЕГУ БАРАЊАТА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ЛИЧНИОТ ЖИВОТ. Тема која е интерактивна, интересна, и потребна во време кога живееме и работиме во една многу динамична и стресна околина!

Дали можеби сте се нашле во ситуација во која сте се чувствувале растргнати помеѓу барањата на работното место и личниот живот. Колку пати сте си рекле, “следниот пат, сега немам време за физичка активност, обична прошетка или кафе муабет со пријатели, концерт или некој културен настан…”Или можеби сте се нашле во ситуација да сте уморни, нерзвозни, расеани, со недостаток на енергија, а вашето дете сака да му посветите време и да излезе на прошетка. Дали ви се случило да посакате да оставите се и да се изгубите некаде три дена без телефон, интерент, состаноци, обврски итн.  Колку внимаваме на знаците на телото кои не предупредуваат дека нешто треба да промениме. И едно прашање за сите нас: Нели е време да промениме нешто и на лично и на професионално поле?! Дали треба да го прошириме чадорот на функциите на менаџерите на човечките ресури и да се посветиме малку и на темата за балансот?!

Оваа средба не е осмислена како предавање и да даде одговори на одредни прашања, туку напротив да поттикне многу прашања и дискусии низ кои како фасилитатор или провокатор ќе биде нашата драга гостинка на настанот, Елица Перчинкова која ќе не води низ темата.

Елица  Перчинкова, доктор по образовен менаџмент, сертифициран обучувач за возрасни, НЛП  мастер практичар, Мастер бизнис тренер, СДИ фасилитатор, Магистер по јавна политка и менаџмент, работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој, напредување на процесите за учење, тимската работа и тисмкото учење, промена на верувањата и навиките. Фокусот и професионалниот предизвик за неа е да биде агент на промената, да иницира и испровоцира промена, се со цел индивидуата да го открие потенцијалот кој го носи во себе, да ги направи потребните промени тој потенцијал да донесе добро за сите во околината. "Добро за сите, добро за мене„ е етичкото мото кое ја води  на патот на себеоткиривањето и помагањето на другите. Надминувањето на сопствените граници и бариери е предизвикот кој ја води во истражувањето на нови техники и практики во развојот на човековите ресурси. Истовремено Елица  е член на  Македонската асоцијација за човечки ресурси од нејзиното основање.

Придружете ни се на настанот,  на кој можеби ке бидете испровоцирани или мотивирани да  започнете некоја своја сопствена промена, да ги размените вашите искуства, да се запознаете меѓусебно проширувајќи ја вашата мрежа на контакти и заедно да се напиеме кафе, како и секој месец! :)

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе биде со времетраење од  околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/6NItWdbPfIBK02Aw1 или на contact@mhra.mk!

Ќе ни биде големо задоволство доколку успеете да ни се придружите!

#HRkafe е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Се гледаме! :)

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член