Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Роденденско HR кафе

21 април 2016, МКЦ клуб ресторан, 17:00 часот




Почитувани членови, пријатели и соработници,

Со големо задоволство Ве покануваме на РОДЕНДЕНСКОТО HR КАФЕ на Македонската асоцијација за човечки ресурси, на 21 април (четврток) во 17 часот во МКЦ клуб ресторан.

Темата која на интересен начин ќе биде презентирана и споделена е: „Говор на тело во деловните презентации” со д-р Лулзим Адили, основач и главен тренер- консултант на Примал ЦПД, директор на преставништво на Меѓународна Фармацевтска Компанија, ЦМЕ Едукатор, ГОПА консултант, тренер и говорник на многу домашни и надворешни настани и конференции.

Краток опис:  Говорот на телото претставува 93% од секоја комуникација. Цел на оваа презентација е да ги запознаеме слушателите на интерактивен начин, со улогата на говорот на телото во достигнување на кредибилитет при деловна презентација, при тоа запознавајќи се со техниките на кредибилна презентација, за кореографијата на подиум, најчестите грешки во говорот на телото при деловно презентирање како и „КОНТАКТ“ формулата на Примал ЦПД за деловен говор на тело.


Се надеваме дека ќе успеете да ни се придружите на настанот со кој ќе го одбележиме роденденот на МАЧР!

Ве молиме потврдата за Вашето присуство да ја доставите на contact@mhra.mk, или да се пријавите преку онлајн формата: http://goo.gl/forms/qNBaVrSXzt.

Се гледаме...

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член