Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива



Мартовско HR кафе & Networking: ”Со различности до напредок”

14 март 2016 (понеделник) 17:00 часот, МКЦ клуб ресторан

 

Почитувани,

Со големо задоволство би сакале да Ве поканиме на мартовско HR кафе & Networking,  што ќе се одржи на 14 март (понеделник) во МКЦ клуб ресторан со почеток во 17 часот.

Овој пат настанот го организираме со цел да го обележиме завршувањето на проектот ”Со различности до напредок” и на кој накратко ќе ги презентираме резултатите и наодите до кои дојдовме преку истражувачкиот дел на проектот и панел дискусијата одржана на оваа тема. По презентацијата ќе следи неформално дружење на присутните.

Би ни претставувало голема чест доколку и Вие ни си придружите на настанот.

Ве молиме Вашето присуство да го најавите на contact@mhra.mk или преку онлајн формата за пријавување (овде или http://goo.gl/forms/LLXPxoKbAU)

**Овој настан е дел од проектот “СО РАЗЛИЧНОСТИ ДО НАПРЕДОК”, кој што МАЧР го спроведува во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија, а со поддршка на програмата за развој на граѓанско општество ЦИВИКА МОБИЛИТАС, имплементирана oд Македонски центар за меѓународна соработка -МЦМС, НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот Институт за Јавна администрација (СИПУ) финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Срдечен поздрав,

Македонска асоцијација за човечки ресурси

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член