Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе и дружење на тема:

Здрави навики- Успешни луѓе

30 ноември 2017, четврток 17ч. Јавна соба, Скопје

Почитувани пријатели,

Продолжуваме и овој месец, со нашите полуформални средби HR кафе и дружење, со тематска содржина. Со изборот на темата за овој пат повторно се навраќаме кон здравите животни навики и нивно поттикнување кај секој поединец, која никој пат не е исцрпена, земајќи ја предвид важноста и сериозноста за сите нас. Развој на потенцијалите и работната ефективност,намалување на стресот преку  правилната исхрана и физичката активност, се дел од точките на кои ќе се задржиме на овој настан, потребниза дискусија вовреме кога живееме и работиме во динамична и стресна околина! 

Која е нашата цел и идеја за настанот? Да поттикнеме позитивни промени, потребни повеќе или помалку за секој од нас.

Почнувајќи со мали секојдневни чекори, да го подобрите своето здравје, да креирате нови навики за да бидете поуспешни и посреќни. Доброто здравје, добрата организираност, остварените цели можат да бидат добра основа за успешен и среќен живот.

Не ја пропуштајте можноста да слушнете нешто повеќе за тоа како функционира нашето тело, како да ја подобриме енергијата и како да ги намалиме несканите ефекти по нашето здравје заради долгото седење, со лесни, но корисни и ефективни вежби...

И прашањето  за сите нас: Дали вреди кариерата и успехот ако немаме здравје ако немаме време за нас и нашите најблиски?! Дали како менаџери за човечките ресури  треба да размислиме за воведување на нови програми во нашите практики во компаниите?!

Оваа средба е осмислена да поттикне многу прашања и дискусии низ кои како фасилитатор или провокатор ќе биде нашата гостинка на настанот, Елица Перчинкова која ќе не води низ темата заедно со Тоше Соколов. Темата стручно ќе биде елаборирана од страна на нашите ценети гости.

Елица Перчинкова
·         Доктор по образовен менаџмент
·         Магистер по кадровски менаџмент
·         Магистер за јавна политика и менеџмент
·         Лиценца за СКИТОП методологија
·         Лиценциран НЛП практичар
·         Лиценциран СДИ фасилитатор
·         Мастер бизнис тренер
·         Активен член на МАЧР

Тоше Соколов
·         Лиценциран физиотерапевт
·         Лиценциран физиотерапевт по “таф терапија”
·         Лиценциран фитнес тренер
·         Лиценциран нутриционист
 
Придружете ни се на настанот, бидете спремни за едно убаво дружење и да научиме како подобро да се грижиме за сопственото здравје. Да бидеме здрави и успешно да ги реализираме поставените цели, а можеби ќе  ве мотивираме  за нови навики и дневни рутини.  Ве покнуваме  да ги размениме искуствата, да се запознаеме меѓусебно проширувајќи ја мрежата на контакти и заедно да се напиеме кафе, како и секој месец! :)

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе биде со времетраење од околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата:  https://goo.gl/forms/3SdF9YrvLGd0AZHk1  или contact@mhra.mk.

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечк и ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства. 

 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член