Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Да го избереме најуспешниот HR менаџер за 2016 година!

 

Македонската асоцијација за човечки ресурси по трет пат ќе ја додели наградата "HR менаџер на годината"!

 

Целта на овој избор е да се оддаде признание на најпосветениот и најуспешниот HR менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето!

 

Дали познавате некој од вашата околина кој го заслужува ова признание?

Поднесете ја вашата номинација!
#Номинирајте го вашиот колега!
#Номинирајте се себеси!
 
Со изборот на HR менаџер на годината се има за цел дефинирање на вредностите и принципите според кои се градат организации кои применуваат најдобри практики во управување со човечките ресурси во организацијата, но исто така, и да се промовира професијата HR менаџер и неговото значење и функција за организацијата.

Постапка за номинација:
Пополнете го формуларот и доставете го до Извршната канцеларија на МАЧР на: e-mail адресата: contact@mhra.mk со назнака: Предлог HR менаџер – Име Презиме (на номинираниот) 2016. Пријавувањето и номинирањето за HR менаџер на годината може да се изврши најдоцна до 31.01. 2017 година.

Кој може да биде номиниран?

За наградата HR менаџер може да биде номиниран вработен кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата. Работни места со овие работи задолженија најчесто се именувани како Директор за Човечки ресурси, Менаџер за Човечки ресурси, Раководител на Сектор за Човечки ресурси и сл.
Номинираниот кандидат може да биде вработен во мала, средна или голема компанија


Кој може да номинира?
Номинацијата за избор на HR менаџер на годината може да биде направена од страна на:
- Извршениот Директор во организацијата
- Колеги на менаџерска функција од организацијата
- HR менаџери од други организации или
- Кандидатот може и сам да се номинира.

Повеќе информации за Изборот на HR менаџер на годината, можете да погледнете >> овде.

Награда и признание за најуспешниот HR менаџер за 2016!

Важни рокови при спроведувањето на Изборот:

  • Номинација на кандидати: најдоцна до 31 јануари 2017
  • Собирање на документи од номинираните кандидати: 1 - 15 февруари 2017
  • Оценување и селекција од страна на Комисијата:  15 - 28 февруари 2017
  • Интервју со номинираните лица влезени во потесен круг:  1 - 15 март 2017
  • Прогласување и врачување на наградата: април 2017


       Трет пат статуетата за Најдобар HR менаџер на годината ќе биде врачена како симбол и пример за важноста на HR професијата во организациите и општеството, со призние на HR професионалецот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област. Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси.

       Веруваме дека и оваа година со ваша помош и придонес, наградата “HR менаџер на годината” ќе биде доделена на професионалецот кој во текот на 2016 година покажал значаен придонес во областа управување со човечките ресурси според зададените критериуми за изборот, со што го помогнал организацискиот развој и долгорочен успех во организацијата во која работи. 
Помогнете ни да слушнеме за нивните успешни HR проекти!

Во очекување на вашите номинации,

Македонска асоцијација за човечки ресурси
www.mhra.mk 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член