Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе & Networking на тема:

“Личниот развој и моќта на самоодговорноста”

31 јануари 2018, среда, 17 ч. Public Room - Скопје

Живееме во свет на постојана промена, свет на нестабилност, неизвесност, комплексност и двосмисленост. Колку повеќе откриваме, толку повеќе има за откривање. Секое прашање води кон повеќе прашања. Потребни ни се вештини и ставовиза да ни помогнат да направиме смисла во овој динамичен свет и да се прилагодиме. Единствена трајна работа е промената, а таа бара флексибилности сензибилитет.

Има толку многу за учење во технологијата и личниот развој што е невоможно за секој да научи се. Нашата способност да го менаџираме нашето мислење, нашите конфликти и нашето искуство ќе направи разлика помеѓу оние кои ќе го трасираат својот пат во возбудлива, кооперативна и креативна иднина и оние кои нема да успеат при своите обиди да следат. Оваа способност може да се научи и да се развие кај индивидуите. Упехот доаѓа одвнатре. Нашиот успех зависи од нашата способност да бидеме одлични во се што мислиме, кажуваме и правиме.

Како го постигнуваме тоа?

Самоодговорноста и начинот на размислување е магичното апче за надминување и управување со животните предизвици.

За време на настанот ќе зборуваме за начините, алатките и пристапите за развој на овие способности и вештини.

Темата е наменета за сите заинтересирани за личниот развој и напредок во приватниот и деловниот живот. За сите кои чувствуваат дека заслужуваат повеќе, кои сакаат да напредуваат во рамките на корпоративните системи или можеби размислуваат за реализирање на своја бизнис идеја. 

Зорица Поповска ќе биде нашата гостинка на настанот која ќе говори на темата.
Зорица е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг Центар. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Capital Coach,NLP Master Prаctitionеr, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот.

Таа поседува големо и релевантно искуство во водење тимови, организирање на процеси, развој и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа се подршка на личниот развој, оптизмизирање и откривање на скриените потенцијали на поединците и тимовите, како и нивната извонредност во брзото и комплексно живеење.

Нејзиното досегашно искуство вклучува  голем број на успешно реализирани обуки од доменот на личен развој и лични вештини, продажба, преговарање, влијание и харизма, женско претприемништво и голем број на реализирани индивидуални и бизнис коучинг сесии. Таа е добар познавач на "коучинг" процесот.

Пред да стане професионален coach и тренер, Зорица раководеше со Оддели за продажба и развој во водечка осигурителна компанија на пазарот за животно осигурување.

После речиси две децении искуство во деловниот свет и повеќе години во водење и развој на тимови, организирање на процеси, развој, менторство и коучинг на индивидуалци и тимови, таа дојде до сознанија дека успешното деловно работење и трајната лична трансформација бараат не само повеќе знаење, туку и промена на однесувањето која доаѓа од личниот развој и работа на сопствениот начин на размислување.  Зорица е воедно и член на Македонската асоцијација за човечки ресурси.


Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе биде со времетраење од околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/AoDgh8YE3MJ7paNU2 или contact@mhra.mk.

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Мапа за мстото на одржување – Public Room/ Јавна соба (линк
 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член