Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со Академија за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) ве покануваат на

HR кафе & Networking на тема: “Сертификацијата во функција на HR одделите – Современи концепти на образование”

28 септември (четврток), 17.00 часот, во МКЦ клуб ресторан - Скопје

Драги пријатели,

Со големо задоволство ве покануваме на следното, “HR кафе и дружење”, што ќе се одржи на 28 септември (четврток) со почеток во 17 часот, во МКЦ клуб ресторан. Настанот е во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со Академија за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).

Темата која ја избравме за овој настан е “Сертификацијата во функција на HR одделите – Современи концепти на образование”. Идејата е да се осврнеме на основниот проблем со кој се соочуваат HR секторите: Јазот помеѓу теоретското формално образование и потребата за квалитетни работници... Како едно од можните решенија се јавува неформалната практична сертификација понудена од врвни експерти! Ќе поразговараме за тренингот и едукацијата во функција на зголемување на вработеноста и претприемачкиот дух кај младите во областите на банкарство, сметководство, контролинг, претприемништво, менаџмент, информатички технологии.... споделување на знаење ОД ПРАКТИКА ЗА ПРАКТИКА!

Наш гостин-предавач кој ќе говори на темата е г-ѓа Олгица Спасевска, Раководител на Одделот за човечки ресурси во Шпаркасе Банка АД Скопје. Олгица е одговорна за управувањето со кадрите, развој и имплементација на HR политики и процедури во банката, тренинг и развој на вработените, систем за бонуси и наградување, имплементација на проекти за развој на софтвер за човечки ресурси, активности за обезбедување, заштита и промовирање на правата на вработените итн. Предавач е на повеќе теми поврзани со човечки ресурси во Академијата за банкарство и информатичка технологија, Скопје.

Придружете ни се на настанот, на кој ќе имате можност да ги размените вашите искуства, да научите нешто ново и корисно, да се запознаете меѓусебно проширувајќи ја вашата мрежа на контакти!

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе биде со времетраење од околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство на: contact@mhra.mk или преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/mfjQsrAqOyCFORsA2

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

#HRcafe е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Се гледаме! :)









 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член