Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Врз основа на член 16 и 18 од Статутот на Македонска асоцијција за Човечки ресурси претседателот на Македонска асоцијција за Човечки ресурси објавува:

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ

Со следниот дневен ред:

  1. Избор на претседавач, записничар, верификациона комисија
  2. Утврдување кворум на Собранието
  3. Констатирање на прием на нови членови
  4. Усвојување на Записникот од претходната седница на Собранието
  5. Усвојување на Извештај за работа на МАЧР за 2015 година
  6. Усвојување на Финансиски извештај на МАЧР за 2015 година
  7. Предлог Стратегиски цели - Програма за работа на МАЧР за 2016/2017 година
  8. Разно

Собранието ќе се одржи на 26 мај 2016 (четврток),  со почеток во 17:00 часот (регистрација: 16:45 часот) во просториите на М6 Едукативниот Центар, Скопје, (седницата е предвидено да трае најмногу до 1 час и 30 мин.)

 
Ве молиме за задолжителна најава на Вашето присуство (отсуство) на Собранието најдоцна до 23 мај 2016 година, со цел навремена достава на работните материјали.

 Напомена: Согласно чл.22 од Статутот на Македонската асоцијација за човечки ресурси, право на глас на седницата на Собранието ќе имаат само членовите кои уредно ја платиле годишната членарина за тековната 2016 година!

Ви благодариме однапред.

Со почит,
Македонска асоцијација за човечки ресурси

Обавено на: 11/05/2016

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член