Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Четврт циклус од Изборот на HR менаџер на годината

Да го избереме најуспешниот HR менаџер за изминатата 2017 година!

Македонската асоцијација за човечки ресурси по четврти пат ќе ја додели наградата "HR менаџер на годината"!
 

Целта на овој избор е да се оддаде признание на најпосветениот и најуспешниот HR менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето!!!


Номинирајте го HR менаџерот кој цените и сметате дека неговата работа и труд во изминатата 2017 година особено придонеле за развојот на функцијата менаџмент на човечките ресурси, воспоставување и унапредување на HR практиките и дека треба да биде награден со токму ова призание, кое се доделува еднаш во годината!


Номинираниот може да биде одговорното лице за управување со човечките ресурси во Вашата компанија, или од друга компанија, кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата.  Неговата/нејзината работна позиција е најчесто именувана како: Директор за Човечки ресурси, Менаџер за Човечки ресурси, Раководител на Сектор за Човечки ресурси и сл. Можете да го номинирате вашиот колега од областа, но можете да се номинирате и самите себе.

 
Четврти пат статуетата за Најдобар HR менаџер на годината ќе биде врачена како симбол и пример за важноста на HR професијата во организациите и општеството, со призние на HR менаџерот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област. Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси.


Пријавувањето и номинирањето за HR менаџер на годината може да се изврши заклучно со 28 февруари 2018 година, со пополнување на формуларот за номинирање на HR менаџер нагодината и истиот да се проследи на e-mail адресата: contact@mhra.mk.

Оценувањето на HR менаџерот се остварува врз следните критериуми:

1. Технички и функционални компетенции на HR менаџерот
2. Лични компетенции на HR менаџерот
3. Континуирано професионално усовршување
4. Промовирање на функцијата за управување со човечките ресурси внатре и надвор од организацијата
5. Најмалку 3 години работно искуство на позиција HR менаџер, а вкупно работно искуство од 8 години.

Повеќе информации за Изборот на HR менаџер на годината, можете да погледнете овде (линк).

 
Организатор на Изборот е Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), како единствено професионално здружение на HR професионалци во земјата, кое има мисија со своето работење да ја поддржува и развива професијата менаџмент со човечки ресурси и да придонесува за унапредување на нејзиниот статус.

ЗАЕДНИЧКИ ДА ГО ИЗБЕРЕМЕ НАЈДОБРИОТ HR МЕНАЏЕР ЗА 2017 ГОДИНА!

 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член