Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе & Networking на тема

“Пристапи за ослободување на индивидуалниот и тимскиот потенцијал и обновување на мотивацијата”

29 март 2018, четврток, 17.45 ч. Public Room - Скопје



 

Секоја индивидуа поседува инхерентен потенцијал самостојно да изнајде оптимални решенија кои се комплементарни со индивидуалните потреби и цели, на приватно и деловно поле.

Секојдневните предизвици кои се дел од нашата реалност забрзано еволуираат поттикнати од промените во околината. Соочени сме со притисок од приспособување на настанатите промени, што мандатира промена во базичните постулати на кои се темелат нашите перцепции за себе и она што е неопходно да го направиме за да успееме да ги креираме резултатите кои ги посакуваме.

За време на настанот ќе зборуваме за теоретската референтна рамка, како и начините и пристапите за развој на овие способности и вештини.

Темата е наменета за сите заинтересирани за развој и напредок во приватниот и деловниот живот. За сите кои се стремат кон максимално искористување на внатрешниот природен потенцијал, како и за обновување на личната и тимската мотивација и инспирација.

 
Зорица Поповска ќе биде нашата гостинка на настанот, која ќе говори на темата.

Зорица е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг Центар. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Capital Coach,NLP Master Practitioner, Сертифициран коуч за зголемена продажбаи раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси.

Таа поседува големо и релевантно искуство во водење тимови, организирање на процеси, развој и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа се подршка на личниот развој, оптизмизирање и откривање на скриените потенцијали на поединците и тимовите, како и нивната извонредност во брзото и комплексно живеење. 


Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 18.00 часот и ќе биде со времетраење од околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

 
За да присуствувате Вемолиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/GH32hrFrnW2W1UFx1 или contact@mhra.mk.

 
Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од странана Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Мапа за местото на одржување – Public Room/ Јавна соба (линк) 
 http://www.publicroom.org/contact.html

 

 

 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член