Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Продолжуваме со традицијата...
МАЧР со големо задоволство ви ја најавува 9. Интернационална HR конференција & HR Expo 2017, оваа година во соработка со Вработување.ком, на тема:

"The best HR solutions for facing challenges in fast growing industries"

31 мај - 1 јуни 2017, хотел Александар Палас - Скопје




Драги пријатели,

На 31 Мај и 1 Јуни, Скопје повторно ќе биде  центарот на HR случувањата во регионот и пошироко!! По 9ти пат  МАЧР ја  организира Интернационалната HR Конференција во Македонија, оваа година во соработка со Вработување.ком!

Со темата на конференцијата „Најдобрите HR решенија за соочување со предизвиците во  брзорастечите индустрии" целта е да се биде во тек со најжешките ЧР теми кои ги засегаат подеднакво и менаџерите за човечки ресурси и генералните менаџери на компании кои имаат брзорастечки бизниси, отворен менаџмент пристап и потреба да се секогаш во тек со напредни техники и решенија!

Брзорастечките бизниси се соочуваат со низа на предизвици!
Со растењето на бизнисот, условите на работањето се менуваат и одвнатре и однадвор! Различни проблеми и  можности  бараат примена на креативни и иновативни решенија! Она што  функционирало пред  една година, можеби не е веќе  најдобриот пристап! Препознавање и надминување на вообичаените грешки поврзани со растот, е од суштинско значење, за вашиот бизнис да продолжи да расте и да напредува.

Вработените во компанијата се клучен фактор од кој зависи  успешноста на  бизнисот. Додека  генералните менаџери и чр менаџерите  се одговорни при спроведувањето на техниките во менаџментот со човечкиот потенцијал, воспоставување  на ефективно лидерство, насочувањето и ангажирањето на  вработените, но и наоѓање,  задржување и мотивирање на најдобрите луѓето кои ја прават разликата!

На дводневната богата програма ќе бидат споделени последните светски трендови во областа, реални искуства од пракса, успешни лични и организациски приказни од страна на главните  HR менаџери на  големи мултинационални  компании, како и искусни консултанти, коучи и професори од Франција, Италија, Словенија, Грција, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија и др...

Овој настан е наменет за: извршни директори, менаџери, HR професионалци, HR специјалисти, линиски менаџери, тренери, консултанти од јавниот, приватниот и невладиниот сектор и студентите. Учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите идеи и да се поврзат со луѓето и менаџерите од нивниот домен на работа!

На 31 Мај и 1 Јуни 2017 година, хотел Александар Палас, Скопје е местото каде треба да дојдете за да бидете дел од најголемата мрежа на HR менаџери и останати професионалци во регионот!

Ексклузивно, во рамки на настанот вклучено е ЧР Експо како и специјална гала вечер со коктел и забавна програма за доделување на наградата Најдобар HR Менаџер за 2016 година!

Се надеваме дека и оваа година ќе не почестите со вашето присуство!



 

 

 

Христина Лозаноска
Претседател
Македонска асоцијација за човечки ресурси


Пријавувањето е веќе во тек со промотивен попуст за РАНА ПРИЈАВА!
Регистрирајте се ДЕНЕС и обезбедете го вашето место на настанот!

Забележете го датумот 31 мај - 1 јуни 2017 во вашите календари
за најголемиот HR настан во Македонија.
 

Ќе ни биде големо задоволство доколку ни се придружите на настанот!
Деталната агенда и повеќе информации ќе следат многу наскоро!

Македонска асоцијација за човечки ресурси
www.mhra.mk

Агенда

Гости- говорници

 Online регистрација  или симни пријавен лист

HR Expo 2017 & Спонзорски можности

Место на одржување и сместување

* Настанот ќе се одржи на англиски јазик, со обезбеден симултан превод на македонски јазик!

Голема благодарност до нашите спонзори и поддржувачи на настанот:

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член