Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

HR кафе & Networking на тема:

СПОРТСКА РЕКРЕАЦИЈА -
за подобри професионални достигнувања!

31 јануари 2017, МКЦ клуб ресторан-Скопје, 17 часот

 

Драги пријатели,

И оваа година, продолжуваме со нашите редовни тематски HR средби!

Затоа, со големо задоволство ве покануваме на следниот настан - HR кафе и дружење,  што ќе се одржи на 31 јануари 2017 (вторник) со почеток во 17 часот, во МКЦ клуб ресторанот.

Темата која ја избравме и за која ќе зборуваме овој пат е: “Спортска рекреација - за подобри професионални достигнувања!”

Како една од основните цели на менаџментот со човечките ресурси е поттикнување на здрави навики во секојдневниот живот на вработените за нивна долгорочна благосостојба и доброто здравје. Притоа, неспорен факт е дека за успешно справување со секојдневните професионални предизвици и ментални напрегања, неопходно е да се одржува здраво тело и редовна физичка активност.

Со помош на нашата гостинка, проф. Кети Матеничарска Накова, ќе се обидеме да дадеме одговор и да поразговараме за следните прашања поврзани со темата:

  • Дали сте се запрашале кон што води современиот начин на живеење? Дали доведува до некои последици? Кое е решението?
  • Дали сте знаеле дека телесните вежби можат да го ублажат стресот и да го намалат заморот?
  • Дали сте знаеле дека телесните вежби можат да се поврзат со дневните активности?
  • Што значи да се биде Фит?
  • Пешачење, планинарење, пливање, аеробик, пилатес...Каква физичка активност да одберам?
  • Колку често треба да вежбаме и дали треба да сме редовни?
  • Дали важи правилото колку повеќе вежбаме, толку подобро!?
  • Колку се важни советите од стручно лице доколку посетуваме некој фитнес центар?
  • Дали сте знаеле дека телесната кондиција и физичката активност се предуслов за среќа и успешни професионални достигнувања?

Во пресрет на новите предизвици и зацртани цели во годината што претстои, ве поттикнуваме - грижата за вашето здравје да ви биде меѓу најважните приоритети!

Неколку зборови за нашата гостинка...

проф. Кети Матеничарска Накова е дипломиран професор по физичка култура на Факултетот за Физичка култрура во Скопје, а своето образование го продолжува на Универзитетот за Туризам и Менаџмент во Скопје стекнувајќи се со диплома Магистер менаџер по Спортски Туризам во 2013 година.
Кети има голем број на спортски постигнувања, во 2001 и 2002 година станува државен првак во Ритмичка Гимнастика, а во 2003 година е прогласена за спортист на годината. Зад себе има тринаесет годишно искуство во предавање култура на здраво живеење, инструктор е по групни фитнес активности, има искуство како професор во основно и средно училиште и демонстратор на Факултетот за Физичка култура во Скопје, поранешен тренер по ритмичка гимнастика, работа со деца и кондиционен тренер на врвни спортисти, посетител и учесник на голем број семинари за физичка култура и групни фитнес активности. Во 2012 станува сопственик и одговорен инструктор во Здружението за групни фитнес активности, аеробик и пилатес АЕРОБИК КЕТИ ФИТ Скопје кое што брои над 150 членови.

 
Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе трае околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/cjLgniOZChWpG1De2 или на contact@mhra.mk

 
Ќе ни биде големо задоволство доколку успеете да ни се придружите!

#HRkafe е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет пред се за членовите, за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член