Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
 

Дали сте подготвени за најголемиот HR настан за оваа година?

МАЧР со задоволство ви ја најавува 8. интернационална конференција & HR Expo 2016 во Скопје

Employee Engagement & Future Competencies
for Economic Well-being!

13-14 октомври, 2016 Skopje Marriott Hotel

Регистрирајте се денес и резервирајте го вашето место!

“An organization does not succeed because it is big or long established; it succeeds because there are people in it who love it, sleep it, dream it, and build future plans for it.” (Unknown)

 

Драги пријатели,

 

Секојдневно сме сведоци на промените што се случуваат околу нас. Мали организации прераснуваат во големи корпорации, се создаваат пронајдоци и иновации, се изнаоѓаат нови методи и начини на ефикасно работење и сепак, за сите овие промени се заслужни луѓето кои веруваат, се посветуваат и се страсни за својата работа.

Повеќе од свесни сме дека организациите имаат потреба од вистинските луѓе, со соодветни компетенции, во прво време, со цел да успеат во својот развој и да ја исполнат својата мисија. Ангажираноста на луѓето е, исто така, во тесна врска, што ќе помогне во зголемувањето на продуктивноста, иновациите, услугата на клиентите, квалитетот и многу други посакувани бизнис-резултати, а притоа ќе го поттикне и финансискиот раст.

 

Општо земено, она што за компанијата е од најголема важност е дека вистинските луѓе ја предводат организациската ефикасност и резултатите, а на долг рок, тие се оние кои ја креираат и ја развиваат општата благосостојба на економијата.

 

Предизвикот, односно прашањето што се поставува е: Како да се пронајдат овие луѓе? Како да се задржат? Како да останат ангажирани? Како да се негуваат нивните таленти? Како да се развие и да се воспостави соодветна програма на компетенции во организацијата? Токму ова е нашата цел за настанот, за да се одговорат и да се разгледаат овие и многу други прашања на овие тематски содржини, од страна на истакнати директори за ЧР, бизнисмени и претставници на академската заедница, како гости говорници на настанот, кои ќе споделуваат реални, практични искуства од компании во различни индустрии, во регионот и пошироко, а доаѓаат од Словенија, Австрија, Англија, Косово, Хрватска, Грција, Холандија итн.

 

Со големо задоволство ве покануваме да дојдете и да бидете дел од 8. интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо “Employee Engagement & Future Competencies for Economic Well-being, во организација на МАЧР, што ќе се одржи на 13 и 14 октомври во новоотворениот Хотел „Мериот“, којшто се наоѓа во центарот на Скопје и да дознаете повеќе за практиките на ЧР и препораките коишто би можеле да ги спроведете и во вашите организации.

 

Се надеваме дека ќе успеете да ни се придружите!

 

Срдечен поздрав,


 

 

 

Христина Лозаноска
претседател на
Македонската асоцијација за човечки ресурси

 

Не пропуштајте!

Резервирајте го Вашето место и дојдете на настанот на којшто гостуваат истакнати менаџери со единствена цел да ги пренесат своите искуства и знаења во Македонија, да ги ескалираат Вашите бизниси, и да Ви помогнат да бидете уште поуспешни

Агенда

Брошура

Гости-говорници  

Регистрација 

HR Expo 2016 & Спонзорски можности

Место на одржување и сместување

* Настанот ќе се одржи на англиски јазик.

Голема благодарност до нашите спонзори и поддржувачи на настанот:

.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член