Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Врз основа на член 16 и 18 од Статутот на Македонска асоцијација за човечки ресурси, претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси објавува:

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ

со следниот Дневен ред:

  1. Избор на претседавач, записничар, верификациона комисија
  2. Утврдување кворум на Собранието
  3. Усвојување на Записникот од претходната седница на Собранието
  4. Усвојување на извештај за работа и финансиски извештај на МАЧР за 2016 година
  5. Предлог стратегиски цели - Програма за работа на МАЧР за 2017/2018 година
  6. Избор на членови на Управен одбор (дополнување на состав)
  7. Констатирање на прием на нови членови
  8. Разно

Собранието ќе се одржи на 22 ноември 2017 (среда),  со почеток во 17:00 часот (регистрација од 16:30ч) во просториите на М6 Едукативниот Центар, Скопје (линк до мапа), Седницата е предвидено да трае најмногу  до 1 час!


Ве молиме за задолжителна најава на Вашето присуство (отсуство) на Собранието најдоцна до 17 ноември 2017 (петок), со цел навремена достава на работните материјали на contact@mhra.mk!

ВАЖНО: Ве молиме имајте предвид дека со цел да имате право на глас на седницата потребно е вашата членарина за 2017 година да биде уредно извршена.

Ви благодариме однапред.

Со почит,

Христина Лозаноска
Претседател,
Македонска асоцијација за човечки ресурси

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член