Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА СО МОЖНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Македонската асоцијација за човечки ресурси -МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано во 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси.

За потребите на нашето работење нудиме можност за практикантска работа на комуникативна, динамична и одговорна личност, со можност за вработување во Извршната канцеларија на МАЧР.

Улогата и обврските се оперативно-административна поддршка и спроведување на активности за потребите на МАЧР во надлежност на Извршната канцеларија во согласност со плановите за работа, програмските, стартешките цели, визијата и мисијата на МАЧР. Нудиме можности за стекнување на знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти пред се во HRиндустријата од деловниот и граѓанскиот сектор наопштеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.

Потребни квалификации и вештини: 

  • Диплома за завршено високо образование со најмалку 180 ЕКТСили во завршна година на студиите. Предност ќе има: Економски науки, општествени науки, организацискинауки и управување (менаџмент, маркетинг)
  • Дигитална писменост (задолжително познавање на Microsoft Office апликациите);
  • Задолжително активно познавање на англискиот јазик
  • Поседување комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
  • Флексибилност, исполнителност и одговорност;
  • Претходно практично искуство не е задолжително (но ќе се смета за предност)

Работни задачи:

·         Оперативно-административна поддршка и извршување на работи поврзани со работното место Администратор;
·         подготовка на документи  за работењето на здружението за разни цели;
·         Обмислување и поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично;
·         Водење на деловодник и администрирање на документи;
·        Комуникација со членовите и други засегнати страни за потребите на тековните активности на Извршната канцеларија;
·         други работи и работни задачи во согласност со карактеристиката на работното место за потребите на МАЧР.

Доколку  имате желба да бидете дел од нашиот тим, посветенисте, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, а сe со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најголемите бизнис платформи од граѓански-от сектор, Ве покануваме да се пријавите со доставување на:

  • Вашата професионална биографија (CV)
  • писмо за пројавување интерес на contact@mhra.mk,
  • Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити) најдоцна до 13/05/2018.

     ЗАБЕЛЕШКА: Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член