Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива




Покана за панел дискусија: Управување со различности


                       18.02.2016 (четврток), 12:30ч, М6 Едукативен центар Скопје

 

Почитувани,

 
Македонската асоцијација за човечки ресурси, Ве поканува на панел дискусија на тема: “Управување со различностите”, која ќе се одржи на 18.02.2016 година (четврток), со почеток во 12.30 часот во просториите на М6 Едукативен центар во Скопје.
 

Оваа панел дискусија е дел од тековниот проект “СО РАЗЛИЧНОСТИ ДО НАПРЕДОК”, кој што МАЧР го спроведува во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија, а со поддршка на програмата за развој на граѓанско општество ЦИВИКА МОБИЛИТАС, имплементирана oд Македонски центар за меѓународна соработка -МЦМС, НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот Институт за Јавна администрација (СИПУ) финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 
Панел дискусијата има за цел, размена на искуства и практики во однос на управувањето со различностите, генерирање на идеи и согледување на ставови дали политиките за управување со различностите се значајни за успехот на организацијата, еднаквоста и недискриминацијата на луѓето (вработените) врз основа на различностите.

Овој проект е една од граѓанските иницијативи за делување во општеството, со цел подигнување на свеста за потребата од почитување на различностите, интегрирање и почитување на сите индивидуи во единствен систем на еднакво и непристрасно вреднување без дискриминација и за промоција на систем за еднакви можности на вработените, без оглед на разликите кои произлегуваат од политичката ориентација, сексуалната ориентација, половата различност, разликите во возраста, припадноста на различни етнички групи, припадноста на различни религии, посебните потреби на лицата, ниво на образование и др.

 
Панелот е организиран во две сесии:

1.       “Како да управуваме со различностите во работната средина, предизвик или предност?!”

2.       “Недискриминација, еднакви права и можности во работните односи, етичко однесување!”


 

Огромно задоволство би ни причинувало доколку присуствувате и Вие на нашата дискусија.

 
Заради ограниченоста на бројот на учесници за да присуствувате, Ве молиме да го пријавите Вашето присуство на  contact@mhra.mk или преку online формата (овде).

 

Срдечен поздрав,

Македонска асоцијација за човечки ресурси

АГЕНДА за настанот

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член