Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси
Ве поканува на 

HR кафе & Networking

на тема:
“Справување со конфликти”

15 јуни, 2016 (среда) I 17:30 часот I МКЦ клуб ресторан, Скопје

 

На овој настан HR кафе & Networking во формат на кратка интерактивна демо сесија, присутните ќе дознаат за уникатниот модел за справување со конфликти базиран на методологија на Personal Strengths (www.personalstrengths.com). Во секојдневната комуникација, конфликтите значат стрес и нарушени релации, намалена продуктивност и учинок на работното место, кои за компаниите значат финансиски трошок. Со примена на оваа методологија, овие непосакувани ефекти од конфликтот можат да се сведат на минимум.

Учесниците на демо сесијата ќе можат да:

-          Дознаат кои се причините за конфликт

-          Дознаат како да го препознаат конфликтот пред да се случи

-          Разберат кои се личните “покани за конфликт” на кои реагираат другите

Наши гости-предавачи:

Демо сесијата ќе ја реализираат сертифицирани мастер тренери и консултанти од Personal Strengths Macedonia Наташа Ивановска и Биљана Велевска, со над 15 годишно искуство во областа на човечки ресурси. Наташа Ивановска е сертифициран бизнис коуч на Ериксон Коучинг Колеџот од Канада, со искуство во индивидуален и тимски коучинг поддржан со алатките на Personal Strengths. Биљана Велевска е долгогодишен консултант за човечки ресурси и серфитифициран NLP Практичар, со искуство во бројни компании во Македонија и регионот.

Ќе ни биде големо задоволство доколку успеете да присуствувате!

#HRkafe е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства. За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата (http://goo.gl/forms/YfVbkcrLtGPxNHil2)  или на  contact@mhra.mk!

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член