Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси го прослави својот 7 роденден

Македонската асоцијација за човечки ресурси на ден 21 април 2016 година го организираше РОДЕНДЕНСКОТО HR КАФЕ со своите членови, соработници и партнери - настан со кој го одбележа 7 годишното постоење и работење.

Претседателката на МАЧР, Христина Лозаноска го отвори настанот со краток осврт на изминатиот период и успешно реализирианите активности со помош на нашите членови кои активно се вклучени во работата на Асоцијацијата, а истовремено ги најави и следните активности кои претстојат во програмскиот дел на МАЧР како што се редовното годишно собрание, интернационалната HR конференција и редовните полу-формални настани "HR кафе"...

Овој пат настанот беше на темата "Говор на тело во деловни презентации". Специјални гости кои ја збогатија содржината на настанот беа д-р Лулзим Адили (Луи), од Примал ЦПД, компанија за тренинг и консултантски услуги и Кирил Трајковски- Максим, млад актер и пантомимичар (линк).

Со свое сценарио, на интересен начин и со корисни совети за секој, ни го претставија значењето на говорот на телото со посебен фокус на деловните презентации, кои се најчестите грешки кои несвесно ги правиме и како да заземеме став кој ќе ја испрати соодветната порака на нашите соговорници, и одржување на кредибилна презентација...

Фотографиите кои пренесуваат дел од атмосферата на настанот, може да ги погледнете во делот Галерии или овде, или пак на нашата Facebook страница (овде). 

Посебна благодарност до Петкамен - Центарот за развој на социјални комуникации со чија поддршка го креиравме промотивното видео, кое пренесува инспиративна порака од луѓето кои членуваат и се присутни во Асоцијацијата и се активно вклучени во нејзините активности и настани. Видеото може да го видите на нашиот youtube канал (овде).

Голема благодарност до сите кои успееја да бидат дел од роденденското HR кафе, и се надеваме дека заедно ќе прославиме уште многу родендени на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Линк до краткиот приказ на презентацијата!

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член