Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Подготовка на следното издание на весникот "Човечки капитал" бр.7


Почитувани членови,

Ве известуваме дека следното издание од електронскиот весник на Македонската асоцијација за човечки ресурси, бр. 7 од „ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ”, е предвидено да биде објавен пред крај на февруари, 2017 година.

И овој пат покрај другите содржини, дел од весникот е наменет за објава на статии кои се напишани од нашите членови. За таа цел Ве покануваме сите кои имате интерес за пишување да ги доставите Вашите статии најдоцна до  30 декември, 2016.

Општите тематски подрачја, кои ќе бидат елаборирани во ова издание и за кои ќе може да пишувате, се следните:

  • Регрутација и селекција на човечки ресурси
  • Советување и развој на кариера
  • Оценување на перформанси
  • Наградување и плати
  • Талент менаџмент
  • Менаџмент со различности
  • HR системи
  • HR трендови
  • Современи предизвици на HR менаџерите
  • HR искуства
  • Клучни очекувања во областа на менаџментот на човечките ресурси во РМ за 2017 година

Меѓутоа доколку Вашиот интерес да пишувате е од друго актуелно подрачје од HR областа, Вашите трудови може да ги доставите и истите ќе бидат разгледани со должна почит од страна на Рецензентската комисија на списанието “Човечки капитал”.

Должината на текстовите треба да изнесува најмногу до 2 страни од А4 формат или до 800 зборови, напишано во фонт Times New Roman, големина 11.

Сите други идеи и предлози во правец на збогатување на содржината на е-весникот со актуeлности од HR областа, се добредојдени.

Доколку сe уште не сте го разгледале последното издание од е-весникот објавено во август, 2016 до него можете да пристапите овде (линк).

Ви благодариме однапред на Вашиот драгоцен придонес.

Во очекување на Вашите кратеивни идеи, предлози и статии!

Срдечен поздрав,

Македонска асоцијација за човечки ресурси

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член