Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Поддржувачи и спонзори на 8. меѓународна конференција за човечки ресурси - 2016

Со голема чест ви преставуваме нашите спонзори и поддржувачи на овогодинешната конференција чијшто придонес и учество се со единствена цел за подобра промоција и ширење на знаењето за најдобрите практики во областа на управување со човечките ресурси ...

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

 

 

 

Универзитетот Шефилд е еден од водечките британски универзитети и се наоѓа во рамките на "Најдобрите 100 универзитети во светот", а и помеѓу "Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ". Според QS листата за рангирање на универзитет и од 2016 година, тој е рангиран на 84 место во светот, додека според Times Higher Education Универзитетот Шефилд се наоѓа на 42 место во Европа. Универзитетот Шефилд им припаѓа на 1% од "Најдобрите универзитети во светот", а од страна на Times Higher Education е прогласен за "Универзитетна годината" за 2011-2012. Универзитетот Шефилд е врв на академска институција чија што основа е истражувачката работа, преку која што има стекнато светска слава за квалитет. Пет добитници на Нобелова награда доаѓаат од Универзитетот Шефилд. На Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се во Велика Британија и еден факултет, тоа е Меѓународниот факултет, СИТИ Колеџ, се наоѓа во Солун, Грција. СИТИ Колеџот е Меѓународен факултет и составен дел од Универзитетот Шефилд. Главниот кампус се наоѓа во Солун, Грција, додека академските програми на Факултетот се нудат и во поширокиот регион на Југоисточна и Источна Европа. Меѓународниот факултет е акредитиран и признаен од страна на разни професионални тела, како што се BAC, AMBA, AACSB, BCS, CMI и UK NARIC.

Повеќе информации се достапни на: http://citycollege.sheffield.eu/


СиТ Македонија


„S&Т AG“ Групацијата со седиште во Линц, Австрија, има околу 2200 вработени, во повеќе од 20 земји, меѓу кои и во Македонија. „СиТ Македонија“ е една од водечките ИТ компании во Република Македонија. Своето широко портфолио го заснова врз креирање на решенија базирани на потребите на клиентите, следејќи ги светските трендови во технологијата и развојот во индустријата.

“S&T HR“ (софтверското решение за менаџирање со човечките ресурси) е одличен пример за едно такво решение кое е дизајнирано со најнови технологии и овозможува квалитет во работењето на сите оддели. Софтверот претставува иновативен, модерен, специјализиран, флексибилен, модуларен и автоматизиран систем за управување на сите дејности за планирање, вработување, оценување, развој, организација, исплата, комуникација и преглед на човечките ресурси во една компанија.

Повеќе информации се достапни на: http://www.snt.com.mk/

РСМ Македонија

Друштвото РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје е активно на нашиот пазар од 2004 година. Во период оттогаш до денес, прераснавме во едно од најголемите друштва од оваа област во Македонија. Се гордееме со нашиот напредок во многуте области на работењето, како и во следењето на најновите трендови на индустријата. Со над 30 професионалци од најразлични профили и стручни области, подготвени сме да му одговориме на секој предизвик со кој се соочуваат нашите денешни и идни клиенти и партнери.

 
Делокругот на нашите клиенти се движи од претприемaчки бизниси фокусирани на растежот до водечки мултинационални организации во многу сектори кои дејствуваат на национално и на меѓународно ниво.

За РСМ

  • 6-та најголема светска мрежа за ревизија, даноци и советување
  • 120 држави
  • 38.000 вработени
  • 750 канцеларии
  • 5 континенти

Во Македонија

  • 30+ вработени
  • 2 канцеларии
  • Лиценцирани за: Ревизија, ИТ ревизија, Сметководство, Процени, Вештачење, Регистрација на правни лица

Повеќе информации се достапни на: http://www.rsm.global/macedonia/

Шпаркасе Банка Македонијатрадиција, сигурност и доверба!

Традицијата, сигурноста и довербата се синоними на Шпаркасе Банка Македонија и се дел и од нашето и Вашето секојдневие, успех и сигурност. Тие ни даваат за право да бидеме сигурни во заедничката иднина и во остварувањето на ефикасно и современо банкарство. Доказ за укажаната доверба во Банката се и остварените резултати во изминативе години и континуираниот развој на Банката. Банката во моментов има актива од 17,48 милијарди денари и 56 700 клиенти кои се опслужуваат во 27 експозитури низ цела Македонија (според податоците од 31.12.2015 година).

Повеќе информации се достапни на: http://sparkasse.mk/

Алкалоид АД Скопје

АЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која осум децени и работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи.

Алкалоид АД е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика и Билкарство; има две подружници во земјата како и 14 подружници и 4 претставништва надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, во Руската Федерација и САД).

Друштвото брои околу 1.250 вработени во земјата и околу 350 вработени во подружниците и претставништвата надвор од Македонија.

Акциите на Алкалоид се во сопственост на околу 5.110 акционери физички и правни лица, а околу 8% од вкупниот број на издадени акции се во сопственост на странски акционери.

Повеќе информации се достапни на: http://alkaloid.com.mk/


Економски факултет, Универзитет Љубљана (FELU)

Економски факултет, Универзитет Љубљана (FELU) е истовремено национален лидер и меѓународно призната академска и истражувачка институција во областа на бизнисот и економијата. Ние се стремиме да стане светски призната реномирана институција врз основа на квалитетот на нашите академски програми и достигнувања во образованието и истражувањето. FELU стана првиот и единствен факултет во Словенија и пошироко во регионот со доделена “Triple Crown” акредитација, односно: EQUIS, AACSB и AMBA меѓународните акредитации. Со ова достигнување FELU е рангиран меѓу првите 1% факултети за бизнис и економија во светот.

Повеќе информации се достапни на: http://www.ef.uni-lj.si/


 Цементарница Усје АД Скопје, ТИТАН Групација

 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје, ТИТАН Групација, веќе 60 години успешно работи и се развива, паралелно придонесувајќи кон развој на заедницата и националната економија во Р. Македонија. Во изминатиот период компанијата јасно се профилираше како одговорен член на заедницата кој има определба активно да учествува во развојот. Вложувањата во најсовремена технологија и целокупна модернизација на сите процеси во компанијата го дефинираа профилот на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, ТИТАН Групација, како еден од лидерите во економијата. Покрај континуираните вложувања во модерна технологија, Цементарница УСЈЕ АД Скопје, ТИТАН Групација вложува и во развој на своите вработени, поддршка на заедницата во различни проекти во сферата на заштита на животната средина и проекти за развој на заедницата од областа на корпоративната општествена одговорност. 

 
Успехот на една компанија е директно поврзан со задоволството на вработените. Ако вработените на една компанија се задоволно и среќни тогаш успехот на компанијата е неминовен. Ова е накратко деловната култура на Цементарница УСЈЕ АД Скопје ТИТАН Групација, кон своите вработени, која се негува и надградува во континуитет.

Повеќе информации се достапни на: www.usje.com.mk


Универзитет Американ Колеџ Скопје

Универзитет Американ Колеџ Скопје е високообразовна институција која ги комбинира најдобрите образовни методи и практики од Американскиот и Европскиот образовен систем. УАКС е основан под закрила на мотото дека сите луѓе се збогатени преку образованието.
УАКС се смета за Универзитет од Третата Генерација – универзитет кој е незавизен од владина поддршка, споредува настава во главно на англиски јазик и функционира во рамки на регионален или глобален пазар .


Работењето на УАКС се води според 3И принципи:

o Интернационален наставен кадар;
o Интернационален состав на студенти;
o Интернационални наставни програми, учебници и наставни помагала.

Ова е универзитет каде што се цени секој студент, каде што секој студент е сфатен сериозно, и каде што наставниот кадар ги знае студентите по име. Темелното внимание посветено на секој студент поединечно е карактеристика која го издвојува УАКС од останатите универзитети. И најважно од се, акцент е ставен на професионализамот и на холистичкиот образовен пристап кон студентскиот развој.

Повеќе информации се достапни на: http://uacs.edu.mk/


Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е приватна високообразовна институција која обезбедува кохерентност на студиските програми и едукативниот систем со глобалните трендови во високото образование. Универзитетот ја промовира филозофијата за имплементација и одржување на највисок квалитет во образованието преку перманентно усовршување на професионалните кариери на наставниот кадар, креирање на наставни програми кои се компатибилни со програмите на елитните универзитети во светот, примена на методологијата на кредит трансфер системот во процесот на реализација на наставата кој обезбедува високо ниво на стекнати знаења, вештини и компетенции кај студентите кои по дипломрањето на пазарот на трудот се позиционираат со извонредна конкурентска компетитивност.

            Целта на Универзитетот е да поттикне академска совршеност и високи достигнувања на студентите од прв циклус на студии во областа на туризмот, економијата и менаџментот. Студентите на УТМС имаат силна академска основа со пристап до различни специјализирани бази на знаења и тие се подготвени да станат продуктивни, компетентни професионалци и одговорни граѓани во динамичното  глобално опкружување.

Повеќе информации се достапни: http://utms.edu.mk/


Clear View BTC – бизнис тренинг центар

Clear View BTC – бизнис тренинг центар во Македонија. Ги издвојуваме партнерствата со:

  • Adizes Institute од Santa Barbara, California, за лиценцираната програма Adizes Top LeaF®, организирана во 102 модули за три основни менаџмент вештини потребни на секој успешен менаџер.
  • Adizes South East Europe (АSEE), Нови Сад. Искусните тренери и бизнис консултанти го подобруваат квалитетот на програмите со екслузивни семинари и in-house консултантски сесии.
  • EC Council- Лиценцирана Интернет маркетинг академија – Запознавање на Маркетинг Професионалците со дигиталниот начин на размислување. Академијата e подготовка за титулата Certified Internet Marketing Practitioner (CIMP).
  • Тренинзи за бизнис и меки вештини,
  • Тренинзи за финансии,
  • Тренинзи за јакнење на тимот,
  • Прилагодени обуки...

Го мериме успехот на Clear View BTC преку успехот на нашите клиенти.

Повеќе информации се достапни на: http://clearview.com.mk/


Grouper.mk

Grouper е првиот македонски сајт за групни попусти, лансиран во 2011 г. кој направи вистинска револуција во онлајн купувањето и стана познат како “game changer” на пазарот на е-трговија.

Grouper овозможи илјадиници локални компании да се приклучат кон новите трендови и да влезат во онлајн светот и е-трговијата. Од друга страна, им помогна на граѓаните да стекнат доверба во онлајн купувањето и го разгази патот за сите компании кои сакаат да влезат на пазарот на е-трговија.

Денес Grouper е водечкиот сајт за е-трговија во земјата со над 120.000 корисници

Повеќе информации се достапни на: http://grouper.mk/

Skopje Marriott Hotel

Skopje Marriott Hotel нуди елеганција и удобност за гостите дојдени за бизнис престој или одмор. Во хотелот можете да уживате во удобноста на Executive собите, како и пристап до Ексклузивен лаунџ бар. Пријатно уредените соби се опремени со луксузна постелнина, ТВ со рамен екран,, просторна работна маса, брз интернет и освежителни пијалоци. Не заборавајте да го посетите хотелскиот ресторан, Distrikt бар и кујна, да ги вкусите најдобрите локални производи во комбинација со источноевропски и медитерански вкусови. Skopje Marriott Spa & Health Club е одличен избор за одмор и релаксација на зафатените гости, со понуда на голем број на освежувачки третмани.

Раскошно дизајнираните простори за работни средби комбинираат елеганција и функционалност за да ви понудат совршено место за организирање на беспрекорни деловни состаноци и настани. Grand Ballroom (главната конференциска сала) со својот спектакуларен ентериер е внимателно дизајниран за вашите најспецифични потреби. 

 
Што и да ве носи во Македонија, престојот во Skopje Marriott Hotel со сигурност ќе ја направи вашата посета извонредна.

Повеќе информации се достапни на: www.SkopjeMarriott.com

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член