Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Mакедонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе & Networking на тема:

МОБИНГ - "Вирус" на работната средина!

27 февруари 2018, вторник, 17 ч. Public Room – Скопје

Менаџментот со човечки ресурси опфаќа голем спектар на улоги, и потреба од познавања на сите меѓучовечки односи во рамките на една организација. Затоа овој пат настанот го посветуваме на помалку или повеќе познатата појава “мобинг”, која во законската регулатива на РМ се објаснува како вознимирување на работното место!

За време на настанот ќе зборуваме:

  • како да го познаете мобингот, а притоа да се направи разграничување од дискриминација и од кршење на работнички права?
  • како да се превенира оваа појава?!
  • но и како треба да се постапи доколку оваа појава ја препознаете во вашето опкружување?!

Притоа овој настан ќе ви помогне да разберете зошто мобингот е издвоен во посебен закон.

Темата е намената е за СИТЕ, особено за HR директори, специјалисти и останати раководни лица, но и за сите останати кои сакате да го збогатите своето знаење во однос на оваа проблематика.

Наша гостинка на овој настан ќе биде Билјана Чкламовска, раководител на правна служба и човечки ресурси во ХТЛ Македонија (Novomatic).
Билјана е дипломиран правник со 24 годишно работно искуство. Има работено 10 години како советник координатор на шалтерски услуги во АВРМ, била претседател на Синидикат во АВРМ и претседател на гранка – Синдикат на администрација и државна управа (САДУ).

Моментално е ангажирана како надворешен правен консултант на Синдикат, предавач на HR Академија за модул Правни аспекти на HR, помирувач и арбитер во работни спорови (лиценцирана од МТСП), тренер на теми поврзани со мобинг, тренер на помирувачи во работни спорови.

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 17:20ч. и ќе биде со времетраење од околу 30-40 минути, додека преостанатото време е наменето за неформално дружење.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/Mu0EN5AnNAmkV0EJ3  или contact@mhra.mk.

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Мапа за местото на одржување – Public Room/ Јавна соба:
http://www.publicroom.org/contact.html



 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член