Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на:

HR кафе & Networking на тема: Се е перцепција!

29 ноември 2016, МКЦ клуб ресторан - Скопје

Драги пријатели,

Што следно подготвивме за ВАС?

Со големо задоволство ве покануваме на следниот, од серијата на полу-формални настани - HR кафе и дружење,  што ќе се одржи на 29 ноември 2016 (вторник) со почеток во 17 часот, во МКЦ клуб ресторанот.

Главната тема на која ќе зборуваме овој пат е ПЕРЦЕПЦИЈАТА! Тема која е интерактивна, интересна, неисцрпна и најважно од се применлива и од интерес за секоја индивидуа!

Дали можеби сте се нашле во сутуација во која и вие и вашиот соговорник имате различни или спротивни ставови, но и двајцата сте во право? Дали ви се случува да изградите слика за одредена ситуација, која по извесно време сфатите дека на истата може да и се пристапи од друг аспект и целосно го променува вашето мислење и став?.... Овие и многу други ситуации со помош на техники од Неуро-лингвистичкото програмирање (НЛП), стручно ќе ни ги претстави нашата драга гостинка на настанот, Ана Салтирова Давидовски која ќе не води низ темата.

Ана е менаџер за Човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој „просечен“ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со НЛП, по што се вклучи во првата група во Македонија за систематизирано изучување на НЛП според стандардите на IANLP – International Association for NLP, понатамошната обука ја продолжи во Белград и се има стекнато со степен на НЛП Тренер. Истовремено Ана е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Придружете ни се на настанот каде што секој од вас ќе има прилика да ја прошири својата перцепција, да ги размените вашите искуства, да се запознаете меѓусебно проширувајќи ја вашата мрежа на контакти и заедно да се напиеме кафе, како и секој месец! :)

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе биде со времетраење од  околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

>>Ние не ги гледаме работите какви што се, ние ги гледаме работите какви што сме!<<

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/8RmhD3enXxkETkax2  или на contact@mhra.mk!

Ќе ни биде големо задоволство доколку успеете да ни се придружите!

#HRkafe е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Се гледаме! :)

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член