Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Прием на статии за подготовка на бр.8 од е-весникот "Човечки капитал"

Почитувани членови, 

Ве известуваме дека следното издание од електронскиот весник „ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ”, бр. 8, на Македонската асоцијација за човечки ресурси, е
во тек на  подготовка.

Меѓудругите содржини, и овојпат, дел од весникот е наменет за објава на статии кои се напишани од нашите членови. За таа цел Ве покануваме сите кои имате интерес за пишување да ги доставите Вашите статии најдоцна до  15 февруари, 2018

Општите тематски подрачја за кои ќе може да пишувате,
се повеќе бројни и опфаќаат:

  • Регрутација и селекција на човечки ресурси
  • Советување и развој на кариера
  • Оценување на перформанси
  • Наградување и плати
  • Талент менаџмент
  • Менаџмент со различности
  • HR системи
  • Современи предизвици на HR менаџерите
  • HR искуства
  • Клучни очекувања во областа на менаџментот на човечките ресурси за 2018 година

Меѓутоа доколку Вашиот интерес да пишувате е од друго актуелно подрачје од HR областа, Вашите трудови може да ги доставите и истите ќе бидат разгледани со должна почит од страна на Рецензентската комисија на списанието “Човечки капитал”. 

Должината на текстовите треба да изнесува најмногу до 2 страни од А4 формат или до 800 зборови, напишано во фонт Times New Roman, големина 11.

Сите други идеи и предлози во правец на збогатување на содржината на е-весникот со актуeлности од HR областа, се добредојдени.

Доколку сe уште не сте го разгледале последното издание од е-весникотобјавено во октомври 2017, до него можете да пристапите овде (линк). 

Ви благодариме однапред на Вашиотдрагоцен придонес. 

Во очекување на Вашите кратеивни идеи, предлози и статии!

Срдечен поздрав,

Македонска асоцијација за човечки ресурси

 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член