Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Македонската асоцијација за човечки ресурси со задоволство ве поканува на
првото HR кафе & дружење после летниот одмор.

Овој настан го посветуваме на
техниките за намалување на стресот во текот на целата година
со Илина Ведран, тренер за личен и професионален развој, мотивациски говорник и автор

HR кафе & дружење: “Како да се ослободиме од стресот?”

6 септември 2017 (среда), 17 часот, Јавна соба- Скопје

Во приватниот и професионалниот живот постојано се соочуваме со стрес кој како последица ја намалува нашата продуктивност и мотивираност, а многу често се одразува и на нашето здравје. Стресната состојба кај вработените допринесува  да се создаде неповолна клима во компанијата, а исто така е една од главните причини за почеток на конфликтни ситуации. 

Дел од темите за кои ќе говориме на овој настан се:

  • Како да ги препознаеме и избегнеме главните “тригери” кои не доведуваат до стрес?
  • Кои се симптомите на хроничен стрес?
  • Како можеме да си помогнеме самите на себеси за да излеземе од хроничната стресна состојба?
  • Кои ментални техники можеме да ги употребиме за драматично да го намалиме стресот?
  • Како да внесеме позитивнот во нашиот секојдневен живот и на работното место?

Илина Ведран е тренер за личен и професионален развој, говорник, ментор и автор на две книги. Нејзината мисијата во работата е да им помогне на луѓето да го изразат својот полн потенцијал и да  ги охрабри да тргнат во остварување на своите цели. Клиентите со кои соработува се од различни области, како спортисти, претприемачи, родители, луѓе кои имаат потреба од вистинска трансформација на својот живот и луѓе кои едноставно сакаат нешто подобро од животот.

Придружете ни се на настанот, на кој ќе имате можност да ги размените вашите искуства, да научите нешто ново и корисно, да се запознаете меѓусебно проширувајќи ја вашата мрежа на контакти и заедно да се напиеме кафе, после летните одмори! :)

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе биде со времетраење од  околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство на: contact@mhra.mk  или преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/eCxd31yN1kh6kQtZ2  

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

#HRcafe е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Се гледаме! :)

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член