Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ
  
се наоѓате во:

HR Eкспо 2016 & Спонзорски можности

Оваа HR конференција & HR Expo 2016, во организација на МАЧР, како најголем и најважен HR настан во Македонија, им дава уникатна можност на поддржувачите и изложувачите да се вмрежат, да се претстават и да стапат во контакт со повеќе од 170 HR професионалци и менаџери. Преку вашата поддршка на овој настан ќе бидете во можност:

  • Да ја промовирате вашата компанија на конференцијата, лично или преку материјалите, веб страницата и социјалните медиуми;
  • Да ја зголемите препознатливноста на вашиот бренд и компанија помеѓу извршните менаџери во индустријата и HR професионалците;
  • Да стапите во контакт со потенцијални клиенти и да создадете нови бизнис можности;
  • Да им помогнете на компаниите да ги идентификуваат нивните слабости и да им покажете како да се справат со примена на иновативни практики...

Имајќи во предвид дека овој меѓународен настан традиционално привлекува голем интерес, како илустрација, во изминатите години конференцијата беше посетена од преку 1000 учесници и предавачи од над 20 различни земји од Европа, САД и Азија, со голема чест и задоволство би сакале да Ве поканиме да земете учество на оваа меѓународна конференција како еден од учесниците на HR Expo 2016 и да ги искористите бенефитите за промоција.

 

HR EXPO 2016: Во рамките на конференцијата традиционално ќе се одржи и HR EXPO каде што сите заинтересирани компании, центри за обука и консултантски куќи, универзитети и факултети, агенции за посредување при вработување, ИТ компании и други засегнати страни ќе имаат можност да стапат во директен контакт со HR професионалци, менаџери и лицата кои учествуваат или ги носат одлуките во нивните органзиации, притоа претставувајќи ги своите услуги, програми и продукти кои се наманети за поддршка на HR функциите и останатите активности во организациите

 

СПОНЗОРСТВО: Можете да изберете еден од веќе подготвените спонзорски пакети, но исто така ви стоиме на располагање да одговориме на сите ваши прашања и барања за креирање на пакет на Ваш предлог, согласно Вашите потреби.

Доколку сте заинтересирани ве молиме контактирајте не: contact@mhra.mk.

БРШУРА од изминатите HR конференции

  
Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член