Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:За нас
За нас

Надзорен одбор на МАЧР

Надзорниот одбор на МАЧР се состои од 3 членови:

  • Димитар Османли - Претседател на Надзорниот одбор
  • Мелита Секуловска
  • Никола Ефтимов

 
Димитар Османли
Претседател на Надзорен одбор на МАЧР
Извршен директор на М6 Едукативен Центар


Димитар е Извршен Директор на М6 Едукативниот Центар од почетокот на 2009 година и ја води оваа институција во период на неприкосновен линеарен раст од 5 години. Пред ангажманот со М6, беше Директор за Развој на American University во Вашингтон, САД, каде управуваше со тим од повеќе од 70 линиски менаџери и вработени и беше директно одговорен за најголемиот раст на донорски приходи во стогодишната историја на универзитетот.  Понатаму, како Советник за Стратегија на GOFI SА, холдинг групација со седиште во Швајцарија и повеќе од 12 бизнис линии, Димитар воспостави Balance Scorecard систем за успешно мерење на перформансите на сите фирми-ќерки на групацијата.  

Покрај професионалното искуство, Димитар беше и активен предавач по предметите Принципи на Маркетинг, Маркетинг Менаџмент, Корпоративни Комуникации, Управување со Настани и Развој на Човечки Ресурси на Универзитетот Њу Јорк во Скопје и на Македонскиот Институт за Медиуми, член на Управниот Одбор на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси, како и key note предавач на неколку индивидуални предавања со УСАИД, Британски Совет, Економскиот Факултет при УКИМ, Секретаријатот за Европски Прашања и Американскиот Мировен Корпус.

Покрај тоа што Димитар е Претседател на Надзорниот одбор на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси, исто така е неизвршен член во Одборот на Директори на осигурителната компанија Еуролинк АД Скопје, член на Комисијата за Управување со Човечки Ресурси при Институтот за Стандардизација на РМ, член на македонскиот Институт на Директори, како и член на Ротари клубот „Скопје Парк“.

 

Никола Ефтимов
Член на Надзорен одбор на МАЧР
Раководител на човечки ресурси во Алкалоид АД Скопје

Никола моментално работи како раководител на ЧР во компанијата Алкалоид АД Скопје, почнувајќи од 2008 година. Притоа тој е целосно одговорен за процесот на менаџирање на ЧР на корпоративно ниво, како креирање, менаџирање, имплементација на круцијалните процеси и проекти од областа на менаџирање на ЧР во склоп на компанијата, едукација на врвниот менаџмент за истите. Најзначајни проекти во неговата кариера се имплементација на технолошка/софтверска поддршка AlkaSAP HCM (Team & Project Module manager) во Алкалоид АД Скопје, Развој на комплетен талент менаџмент систем почнувајќи од креирање на мапа на компетенции и сегментација по нивоа и имплементација на процес за креирање на нови описи на работни места и нивно систематизирање на корпоративно ниво, Успешно спроведување на проект спонзориран од Британската Амбасада во РМ како проектот за формирање Комора на мали и средни претпријатија, Поставување на Мисијата на Европската Унија „Прокцима“ за зголемување на капацитетите на локалната полиција, итн.

 

Никола е дипломиран машински инженер, а моментално го подготвува својот магистерски труд од областа на менаџментот со човечки ресурси на Економски факултет, Универзитет Љубљана.

 

Никола Ефтимов е еден од основачите на Македонската асоцијација за човечки ресурси, а од 2015 година е член на Надзорниот одбор на МАЧР. Претставник е на Алкалоид АД во одборот на членки на М6 Едукативниот центар, а воедно и претставник на Алкалоид во AmCham и претседавач на комитетот за личен развој. 

 

Мелита Секуловска

Член на Надзорен одбор на МАЧР
Регионален координатор за меѓународно образование Економски факултет – Љубљана во Македонија

Изминативе десет години нејзиниот професионален ангажман е во областа на академско-формална едукација како регионален координатор на Економски факултет – Љубљана во Македонија. Регрутацијата на кандидати за секоја нова генерација на посдипломските студии, организирањето на изведбата на програмата и поврзувањето со бизнис секторот се нејзин суштински ангажман и предмет на работа. Има долгогодишно искуство и во организирање и реализација на бизнис академии за потребите на компаниите и отворени семинари и обуки за стручна доедукација на вработените. Претходно има работено во областа на новинарство, односи со јавност и маркетинг. Еден е од иницијаторите за формирањето на МЧРА и нејзин член од оснивањето.


Надзорен одбор 2012-2015 година

Телефон за контакт: +389 78 389 277
Е -mail адреса: contact@mhra.mk,
Адреса: Ул. 810 бр.2, 
               1000 Скопје 
               Република Македонија

Во МАЧР членството е индивидуално и Асоцијацијата е отворена за секој поединец чијашто  сегашна или идна професија е работа и менаџмент со човечките ресурси...

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член