Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:HR Награди
HR Награди

Избор на HR менаџер на годината!

Изборот за најдобар HR менаџер на годината за прв пат се организираше во Република Македонија, во 2014 година од страна на Македонската асоцијација за Човечки ресурси и има за цел да ја подигне свесноста за важноста на човечките ресурси во организацијата и потребата од активно вложување и унапредување на истите.

Целта на изборот на HR менаџер на годината е да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси. Промовирање и признание за HR менаџерот од една страна и од друга страна промовирање и признание на организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси како една од носечките алки во делувањето на организацијата
.


Со изборот на HR менаџер на годината се има за цел дефинирање на вредностите и принципите според кои се градат организации кои применуваат најдобри пракси во управување со човечките ресурси во организацијата исто како и да се промовира професијата HR менаџер и неговото значење и функција за организацијата.

За наградата HR менаџер може да биде номиниран вработен кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата. Работни места со овие работи задолженија најчесто се именувани како Директор за Човечки ресурси, Менаџер за Човечки ресурси, Раководител на Сектор за Човечки ресурси и сл.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член