Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:АКТИВНОСТИ
АКТИВНОСТИ

Прво годишно собрание на Македонската асоцијација за човечки ресурси




Една година по одржувањето на основачкото собрание, МАЧР го одржа првото годишно собрание. Членовите ги дискутираа работните активности и постигнувања на МАЧР во првата година од нејзиното постоење.

Еден од најголемите успеси е апликацијата и добивањето на Асоцијативно членство во Европската ХР асоциајција со што се отвораат вратите за сите членови на МАЧР за интегрирање и следење на најновите трендови во областа на управување со ЧР во регионот, во Европа па и пошироко во светот.

 

 



На настанот се разговараше и за активностите и работењето на асоцијацијата за следната година и присутните членови гласаа за номинираните членови на Управниот одбор за следната година.Идните цели на асоцијацијата се зајакнување на контакти со меѓународните организации во земјата и во регионот и целосно интегрирање и  придружување кон Европската и Светската асоцијација за човечки ресурси.

„Асоцијацијата и понатаму ќе работи на унапредување на професионалните стандарди на професијата за управување на човечките ресурси во приватниот и јавниот сектор, унапредување на квалитетот на образовните програми, промоција на концептот на доживотно учење, креирање правна рамка која ќе придонесе за развојот на човечките ресурси, како и на други области повразни со целите и задачите на Асоцијацијата”, изјави претседателот Дарко Маџоски, појаснувајќи ја агендата за оваа година.

Освен тоа, во натамошното работење, асоцијацијата има во план отворање на вратите за сите професионалци од областа на ЧР, па и оние кои во иднина планираат да се занимаваат со оваа професија, остварувајќи ја идејата за  развивање на свеста за значењето на човечкиот капитал како движечка сила во процесот на креирање на добра и услуги во компаниите и остварување на забрзан економски развој. 





Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член